Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25361
Наслов: ИНДУСТРИСКИ ОТПАДНИ ВОДИ
Authors: Рената Младеновска 
Ирена Брчина
Keywords: отпадни води
индустрија
превенција
болести
регулатива
Issue Date: 20-мај-2022
Publisher: V Международна научно-практическа конференция
Conference: V Международна научно-практическа конференция ИКОНОМИЧЕСКА ИНТЕГРАЦИЯ И РЕГИОНАЛНО РАЗВИТИЕ
Abstract: Абстракт. Индустријата претставува еден од најголемите извори на загадувањето на водите земајќи во предвид дека повеќе од 50% од отпадните води доаѓаат од индустриските стопански гранки кои многу често без претходно прочистување ги испуштаат во површинските води по директен или индиректен пат. Отпадните води се оние води кои ги промениле своите карактеристики, односно води кои излегуваат од индустриските капацитети, рудниците, комуналните објекти, земјоделието, тоа се води кои содржат растворени или суспендирани контаминенти кои можат да ги загадат површинските или подземните водни ресурси. Индустриска отпадна вода настанува во фабриките и индустриските погони после употреба на водата во процесот на производство. Основна карактеристика на оваа група отпадни води е големата разновидност во составот. Хигиеноепидемиолошкото значење на водата за пиење е големо и тоа допринесува за здравјето и општата благосотојба на населението при што е неопходно потребно искористената отпадна вода да се отстранува на здравствено-еколошки исправен начин кој ќе придонесе истата да не претставува опасност по здравјето на населението и околината. Болестите предизвикани од водата се важен јавно-здравствен проблем и затоа е потребен континуиран систем за надзор заради подобрување на здравјето на луѓето. Затоа е потребно да се идентификуваат заедниците во кои постојат проблеми со болести предизвикани од небезбедна вода што бара мерки за интервенција за контрола и превенција на болеста. Преку водата загадена со причинители на заразни болести од кои боледуваат некои животни т.н. зоонози кои може да се пренесат по пат на контактна вода со кожата и лигавиците на човекот, како на пример лептоспирозата, и др. (Water–related diseases), водата може да биде погодна средина за развој на разни ин- 311 секти и други домаќини за некои паразитарни болести како на пример, маларија, шистозомијаза, филаријаза, и др. (Water –associated diseases). Акутните заболувања настануваат како резултат на контаминација на водата за пиење со микрорганизми или контаминација со нитрати, пестициди или други хемикалии. Појавата на инфекции кои се пренесуваат со вода се должи на несоодветна канализација, диспозиција на отпадни материи, распади на оперативниот систем за преработка или загадување при дистрибуција. Целта на овој труд е превенција од одредени заболување кај населенито кое има последици по здравјето на несоодветно третирање на индустриските отпадни води и потребно е да се спроведат мултисекторски процедури вклучувајќи ги повеќето сектори од институциите кои имаат надлежност за настанатиот здравствен проблем. Во земјите со ограничени ресурси, податоците и информациите е потребно да бидат поврзани за специфични болести поврзани со водата и санитацијата за да се предложат конкретни интервенции за водните индустриски системи кои се користат. Клучни зборови:Абстракт. Индустријата претставува еден од најголемите извори на загадувањето на водите земајќи во предвид дека повеќе од 50% од отпадните води доаѓаат од индустриските стопански гранки кои многу често без претходно прочистување ги испуштаат во површинските води по директен или индиректен пат. Отпадните води се оние води кои ги промениле своите карактеристики, односно води кои излегуваат од индустриските капацитети, рудниците, комуналните објекти, земјоделието, тоа се води кои содржат растворени или суспендирани контаминенти кои можат да ги загадат површинските или подземните водни ресурси. Индустриска отпадна вода настанува во фабриките и индустриските погони после употреба на водата во процесот на производство. Основна карактеристика на оваа група отпадни води е големата разновидност во составот. Хигиеноепидемиолошкото значење на водата за пиење е големо и тоа допринесува за здравјето и општата благосотојба на населението при што е неопходно потребно искористената отпадна вода да се отстранува на здравствено-еколошки исправен начин кој ќе придонесе истата да не претставува опасност по здравјето на населението и околината. Болестите предизвикани од водата се важен јавно-здравствен проблем и затоа е потребен континуиран систем за надзор заради подобрување на здравјето на луѓето. Затоа е потребно да се идентификуваат заедниците во кои постојат проблеми со болести предизвикани од небезбедна вода што бара мерки за интервенција за контрола и превенција на болеста. Преку водата загадена со причинители на заразни болести од кои боледуваат некои животни т.н. зоонози кои може да се пренесат по пат на контактна вода со кожата и лигавиците на човекот, како на пример лептоспирозата, и др. (Water–related diseases), водата може да биде погодна средина за развој на разни ин- 311 секти и други домаќини за некои паразитарни болести како на пример, маларија, шистозомијаза, филаријаза, и др. (Water –associated diseases). Акутните заболувања настануваат како резултат на контаминација на водата за пиење со микрорганизми или контаминација со нитрати, пестициди или други хемикалии. Појавата на инфекции кои се пренесуваат со вода се должи на несоодветна канализација, диспозиција на отпадни материи, распади на оперативниот систем за преработка или загадување при дистрибуција. Целта на овој труд е превенција од одредени заболување кај населенито кое има последици по здравјето на несоодветно третирање на индустриските отпадни води и потребно е да се спроведат мултисекторски процедури вклучувајќи ги повеќето сектори од институциите кои имаат надлежност за настанатиот здравствен проблем. Во земјите со ограничени ресурси, податоците и информациите е потребно да бидат поврзани за специфични болести поврзани со водата и санитацијата за да се предложат конкретни интервенции за водните индустриски системи кои се користат. Клучни зборови: отпадни води, индустрија, превенција, болести, регулатива.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25361
ISBN: 978-954-383-145-6
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Conference papers

Прикажи целосна запис

Page view(s)

110
checked on 25.7.2024

Download(s)

37
checked on 25.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.