Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25347
Наслов: МИКРОБИОЛОШКА (НЕ) ИСПРАВНОСТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ СПОРЕД НАЈЧЕСТО ОТКРИЕНИ БАКТЕРИИ ЗА ПЕРИОД 2016-2020
Authors: Рената Младеновска 
Ирена Брчина
Keywords: храна
бактерии
здравствена исправност
безбедност на храна
мостри
болести
Issue Date: 20-мај-2022
Conference: V Международна научно-практическа конференция ИКОНОМИЧЕСКА ИНТЕГРАЦИЯ И РЕГИОНАЛНО РАЗВИТИЕ
Abstract: Абстракт ВОВЕД. Биолошките, хемиските и физичките опасности односно ризиците за безбедна храна се причина за алиментарни труења на луѓето. Во последните десет години се евидентирани сериозни епидемии со контаминирана храна на различни континенти. Од тука болестите не го оптоваруваат само здравстениот систем, туку предизвикуваат сериозни економски ефекти на индивудуата и семејството, негативни ефекти во земјоделскиот сектор, бизнисот, туризмот, целокупната економија и меѓународната трговија на една земја или регион. ЦЕЛ. Основна цел на трудот е да се прикаже следењето на бактериолошката исправност на прехранбените производи. Болестите кои се поврзани со консумирање на небезбедна храна од присуство на микроорганизми (бактерии, вируси, фунги, приони, паразити и др.) истите имаат способност да живеат во човекот и да произведуваат 294 токсини (отрови). За тоа е потребно континуирано следење на исправност на храната од здравствен аспект. МАТЕРИЈАЛ И МЕТОД. Со ретроспективен метод на работа анализирани се софтверски податоци за бактериолошките анализи на земени мостри од прехранбени производи и истите се статистички обработени според видот на изолирани бактерии во храната. РЕЗУЛТАТИ. Во анализираниот петгодишен материјал во ЦЈЗС се примени вкупно 24973 мостри за храна. По извршена хемиска и бактериолошка анализа неисправноста на мострите се движи од 0,4% во 2016 година до 0,7% во 2020 година. Бактериолошката анализа на 26 подгрупи од прехранбените производи покажа дека мострите храна учествуваат со 29,1% од увоз додека 70,9% се мостри за анализа од домашно производство. Според извршената микробиолошка анализа на 10732 мостри храна, неисправноста на мострите се движи од 0,86% во 2016 година до 1,19% во 2020 година. Незначаен пораст на процентот е забележан кај примените мостри на храна од увоз, но исто така и кај мострите од домашно производство. Најголемо зголемување е забележано во 2019 година и процентот изнесува 2,37% неисправни мостри храна од домашно производство. Според видот на бактериите во примероците од храна доставени за микробиолошка анализа најчести 5 групи на микроорганизми се: Salmonella SPP, Escherichia colli, Еnterobacteriaceae, Мувли и Квасци кои сите заедно учествуваат со 77,9% од вкупниот број на регистрираните бактерии. Податоците укажуваат дека споменатите бактерии иако најчесто се откриваат во анализираните мостри на храна, нивниот број рапидно и неколку кратно се намалува во истражуваниот период. Процентот пак на неисправните мостри храна поради бактерии се движи од 0,37% во 2016 година до 0,48% во 2020 година и истиот се одржува на исто рамниште. ЗАКЛУЧОК. Бидејќи бројот на примените мостри храна за бактериолошко истражување покажува рапидно намалување скоро за половина, истото се должи на новите конкурентските акредитирани лаборатории кои ги вршат истите анализи. Бидејќи процентот на неисправни мостри од прехранбени производи за бактериолошката анализа покажува дека се одржува континурано ниско, тоа значи дека операторите на храна ги спроведуваат потребните стандарди за 295 добра производствена и хигиенска пракса на прехранбените производи. Континуираното следење на микробиолошката исправност на прехранбените производи има огромно значење во унапредувањето на здравјето и заштита од пренесување на болестите предизвикани од небезбедна храна, кои успешно се превенираат со откривање на неисправните мостри храна. Клучни зборови: храна, бактерии, здравствена исправност, безбедност на храна, мостри, болести.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25347
ISBN: 978-954-383-145-6
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Conference papers

Прикажи целосна запис

Page view(s)

53
checked on 7.5.2024

Download(s)

12
checked on 7.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.