Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25304
Title: Евалуација на прогностичките фактори во раните стадиуми на инвазивните карциноми на грлото на матката
Other Titles: Evaluation of the prognostic factors in early stage cervical carcinoma
Authors: Башеска, Нели 
Keywords: цервикален карцином
прогностички фактори
pTNM- класификација
disease-free преживување
општо преживување
прогностички индекс
ризични групи
Issue Date: 27-Dec-1999
Abstract: ВОВЕД Познавањето на проширеноста на неоплазмата во моментот на дијагнозата е основа за точно одредување на прогнозата и планирање на терапијата кај пациентите со инвазивен цервикален карцином. При хистопатолошката анализа на оперативниот материјал има можност не само точно да се одреди проширеноста на болеста, туку и да се откријат некои хистолошки карактеристики на неоплазмата, кои значајно влијаат на појавата на релапси и преживувањето на пациентите со цервикален карцином во рани стадиуми на болеста. ЦЕЛИ НА СТУДИЈАТА Основна цел на оваа проспективно-ретроспективна студија е да се одреди прогностичкото значење на повеќе клинички (возраст, клинички FIGO стадиум) и хистопатолошки параметри (лимфонодален статус и негови параметри: број на зафатени лимфни јазли и зафатени групи, дистрибуција и локализација на зафатените јазли/групи; потоа туморски статус, процентуална, минимална и максимална туморска површина, туморски дијаметар, длабочина на стромална инвазија, ендоцервикално зафаќање, пропорционално ендоцервикално зафаќање, најмала дебелина на незафатена цервикална строма /параметријално зафаќање, најмала оддалеченост од форникси/ зафаќање на вагинална лигавица, зафаќање на хируршките рабови, хистолошки тип, степен на хистолошка диференцијација, инвазија во лимфо-васкуларните простори, обемност на инфламаторниот инфилтрат, HPV статус) кај цервикалниот карцином во рани стадиуми на болеста, со евалуација на нивното влијание на појавата на релапси и преживувањето на пациентите. МАТЕРИЈАЛ И МЕТОДИ Предмет на испитување на оваа студија е релативно хомогена серија од 237 пациенти со инвазивен цервикален карцином кои примарно хируршки се лекувани со абдоминална радикална хистеректомија и регионална пелвична лимфаденектомија во периодот од ноември 1988 до крајот на јуни 1997 година. Нивните оперативни материјали се униформно хистопатолошки анализирани во Лабораторијата за хистопатологија и клиничка цитологија при Институтот за радиотерапија и онкологија во Скопје. За група од 195 пациенти со методот на in situ хибридизација е одредувано присуството на Human Papilloma вирусната (HPV) DNA во неоплазмата, при што се употребени мешани проби за идентификација на HPV тип 6/11, 16/18 и 31/33/51 (Enzo Diagnostics, New York). РЕЗУЛТАТИ За сите пациенти е одреден постоперативниот стадиум врз основа на критериумите на постоперативната TNM-класификација на UICC (1997). Притоа неоплазмата е ограничена на грлото на матката кај 101 (42.6%) пациент, додека локално проширување и зафаќање на вагиналната лигавица и параметриумите е присутно кај 14 (5.9%), односно 50 (21.1%) пациенти. Зафаќање на регионалните лимфни јазли е најдено кај 72 (30.4%) пациенти. Сите испитувани параметри освен хистолошкиот тип, имаат значајно прогностичко влијание на појавата на пелвични лимфонодални метастази. Во тек на клиничкото следење (просек 57, распон 18-124 месеци), појава на релапс е дијагностицирана кај 50 пациенти од кои 39 починале од болеста. Очекуваното општо преживување е 80.8%, додека процентот на 5 и 10-годишно преживување без релапс изнесува 76.8%, односно 75.5%. Според резултатите од униваријантната анализа, значајни предиктивни индикатори за појава на релапси се: лимфонодалниот статус и од неговите параметри само зафаќањето на заедничките илијачни лимфни јазли, повеќето морфометриски (освен зафаќањето на хируршките рабови), морфохистолошки (освен степенот на хистолошка диференцијација) и клинички параметри (FIGO стадиумот, но не возраста), како и присуството на HPV DNA во неоплазмата. Исто така, повеќето испитувани карактеристики, освен параметрите на лимфонодалниот статус, зафаќањето на вагиналната лигавица, зафаќањето на хируршките рабови, степенот на хистолошка диференцијација и возраста се важни прогностички параметри за општото преживување на пациентите. Од сите нив, при мултиваријантната анализа, како најзначајни независни прогностички параметри во однос на disease-free и општото преживување се селектирани: инвазијата во крвни садови, лимфонодалниот статус, туморскиот дијаметар, обемноста на инфламаторниот инфилтрат во зоната на инвазивниот фронт на неоплазмата и дебелината на незафатена цервикална строма, односно параметријалното зафаќање. Според вредноста на прогностичкиот индекс (PI), пресметан врз основа на Cox-овиот регресионен модел, пациентите се поделени во три ризични групи, меѓу кои постојат статистички значајни разлики во процентот на disease-free и општото преживување. Со оглед на поголемата предиктивна вредност на овие наоди во споредба со дистрибуцијата според постоперативниот стадиум, предложена е модификација на постојната постоперативна TNM- класификација за цервикалниот карцином, со промени во критериумите за категоризација во раните стадиуми на болеста. ЗАКЛУЧОЦИ Резултатите укажуваат дека кај примарно хируршки третираните пациенти со цервикален карцином во рани стадиуми на болеста, за попрецизно одредување на прогнозата, би требало да се применат наодите на мултиваријантната анализа, односно критериумите на предложената модифицирана постоперативна TNM-класификација. Прогностичкиот индекс (PI), како индикатор за местото на пациентите во прогностичкиот спектар е солидна основа за соодветно планирање на последователната терапија кај примарно хируршки третираните пациенти. Со негова примена е можно полесно да се идентификуваат пациентите со цервикален карцином кај кои е потребна примена на модифициран терапевтски пристап.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25304
Appears in Collections:Faculty of Medicine: PhD Theses

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Thesis cover.pdf829.05 kBAdobe PDFView/Open
naslovna mak..pdf188.37 kBAdobe PDFView/Open
Doktorat-Apstrakt.pdf405.36 kBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

92
checked on Apr 20, 2024

Download(s)

39
checked on Apr 20, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.