Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2367
Title: ИСПИТУВАЊЕ НА ПОВРЗАНОСТА МЕЃУ ОКСИДАТИВНИОТ СТРЕС И МАСТИТОТ КАЈ МЛЕЧНИ КРАВИ ВО РАНА ЛАКТАЦИЈА
Authors: Dimitar Nakov
Keywords: млечни крави, мастит, оксидативен стрес, супероксид дисмутаза, глутатион пероксидаза
Issue Date: May-2015
Publisher: Факултет за земјоделски науки и храна во Скопје
Abstract: Во периодот на рана лактација во организмот на млечните крави настануваат важни метаболички промени кои може да доведат до појава на оксидативен стрес. Направени се двегодишни проспективни истражувања за утврдување на поврзаноста меѓу активноста на антиоксидативните ензими супероксид дисмутаза (SOD) и глутатион пероксидаза (GPx) во крвниот и млечниот серум на кравите и појавата на здравствени нарушувања на млечната жлезда и тоа: здрави КМТ(-) крави и заболени КМТ(+) крави (врз основа на позитивна или негативна реакција на калифорнија маститис тестот). КМТ(+) крави беа поделени на крави со нарушена секреција на млечната жлезда (НС) и крави со интрамамарна инфекција (ИМИ). Вкупно беа следени 211 млечни крави по сезони во годините на телење. Во текот на опсервираниот период по сезони на телење беа направени повторливи мерења на активноста на SOD и GPx во крвниот и млечниот серум на кравите во периодот 21. ден пред телење, периодот од почетокот на лактацијата до 21. ден во лактацијата и периодот од 22. до 42. ден во лактацијата. Беше следена и дневната млечност на кравите во тест денот при првата, втората и третата контрола на млеко. Вкупната преваленција на КМТ(+) крави изнесуваше 43,13%. Преваленцијата на НС и ИМИ изнесуваше 23,70% и 19,43%, соодветно. Кај 45,05% од КМТ(+) крави микробиолошки беше утврдено постоење на ИМИ. Вкупно беа утврдени 162 четвртинки на млечната жлезда со КМТ(+) реакција. Од нив, 56,17% беа микробиолошки негативни. Сензитивноста на калифорнија маститис тестот за откривање на интрамамарните инфекции изнесуваше 43,83% Сезоните во годините на телење покажаа статистички значајно влијание (p<0,001) на активноста на SOD и GPx во крвниот и млечниот серум на кравите. Здравствените нарушувања на млечната жлезда покажаа статистички значајно влијание на активноста на GPx во крвниот серум (p<0,001) и GPx во млечниот серум (p<0,05), додека не покажаа статистички значајно влијание на активноста на SOD во крвниот и млечниот серум на кравите. Периодите пред и по телење кога се земани примероците од крв и од млеко, покажаа статистички значајно влијание (p<0,001) на активноста на SOD и GPx во крвниот серум, но не и на активноста на SOD и GPx во млечниот серум. Млечноста на кравите покажа статистички значајно влијание (p<0,05) на активноста на GPx во млечниот серум. Одредувањето на активноста на GPx во крвниот и млечниот серум на кравите може да биде дијагностичка алатка за откривање на кравите со здравствени нарушувања на млечната жлезда во периодот на рана лактација.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2367
Appears in Collections:Faculty of Agricultural Sciences and Food: PhD Theses

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Doktorska disertacija DN_lektor.pdfДокторска дисертација Димитар Наков1.93 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

249
checked on May 24, 2024

Download(s)

390
checked on May 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.