Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/23541
Наслов: | БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА во третманот на неинфективните увеити | Authors: | Челева Марковска В. Нивичка Ќаева Ј. |
Keywords: | неинфективни увеити анти-тумор некротизирачки фактор Adalimumab биолошки агенси |
Issue Date: | окт-2022 | Conference: | V Конгрес на офталмолозите на Македонија со меѓународно учество | Abstract: | Резиме Вовед: увеитите се едни од најголемите причинители за сериозно намалување на ви- дот, сè уште. Според одредени студии, дури 1/5 од пациентите со увеит завршуваат со слепило. Истражувањата спроведени во последните децении дадоа нови сознанија за патофизиолошките механизми за голем број од неинфективните увеитични ентитети, со што помогнаа во развојот на нови биолошки терапии за справувањето со оваа не така рет- ка патологија. Цел: ревијален преглед на биолошките тераписки модалитети кај неинфективни увеити достапни во светот и кај нас. Обработка: релевантни податоци за третман на увеити добиени преку пребарување на PubMed со користење на термините: терапија, неинфективни увеити, кортикостероиди, имуномодулатори, биолошки агенси, интравитреални инјекции. Направена е анализа на трудовите објавени во последните неколку години. Биолошките агенси се применуваат кога имуномодулаторните лекови не го постигнале посакуваниот ефект и при нивни макси- мални дози на толеранција. Во литературата овие терапевтски средства дидактички се поделени во неколку категории, во зависност од имунолошкиот процес или цитокинската молекула врз која дејствуваат. Па така разликуваме: анти-тумор некротизирачки фактори, антиинтерлеукини (Anti-IL-1, Anti-IL-2, Anti-IL-6, Anti-IL-17), антикластери на диференција- ција (anti-CD-20, anti-CD-52), интерферони и имуноглобулини. Заклучок: лекувањето на неинфективните увеити може да биде тежок и долготраен процес, како за пациентот така и за лекарот. Новата стратегија при лекувањето на овие заболувања е со скалест пристап, започнувајќи од кортикостероидна и имуномодулаторна терапија, па продолжувајќи со биолошки агенси. Анти-тумор некротизирачките фактори заземаат доминантно место во групата на биолошки агенси. Од нив, Adalimumab е пре- парат со највисок степен на препорака од сите досега познати биолошки агенси што се применуваат во офталмолошката клиничка пракса. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/23541 |
Appears in Collections: | Faculty of Medicine: Conference papers |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
конгрес.jpg | 230.16 kB | JPEG | View/Open | |
биолошка терапија.jpg | 243.37 kB | JPEG | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.