Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/23396
Наслов: | Акантамеба кератитис | Authors: | В. Челева-Марковска А. Брон |
Keywords: | амеба кератитис акантамеба кератитис контактни леќи |
Issue Date: | 2003 | Publisher: | Македонското лекарско друштво | Journal: | Македонски медицински преглед | Abstract: | Поради потешкотиите во дијагностицирањето и лекувањето, акантамеба кератитисот се уште претставува проблем во офталмологијата.Зголемената употреба на контактни леќи доведе до зголемување на честотата на јавување на акантамеба кератитисот (АК). Пациентот со дијагностициран АК беше 22 годишен студент, миоп, чија рефракциона аномалија била корегирана со меки контактни леќи.Тој се жалеше на прогресивна болка,фотофобија и црвенило на левото око.Забележан беше корнеален улкус.Се дотогаш неуспешно е лекуван со локални антибиотици и стероиди како и со антивирусни и антихистамински лекови.Пациентот напомна дека контејнерот за леќи го мие со вода од чешма. Основната паразитолошка дијагноза беше потврдена од матерјалот добиен со корнеална абразија и негова инокулација на агар предходно засаден со Escherichia coli и беше направена морфолошка идентификација според класификацијата по Pussard и Pons (II група).Препишана беше терапија со 0,02% polihexamethylen biguanide (PHMB) со постепено намалување на дозата за време од еден месец се додека не се санира воспалението.Фактори за успешно лекување се:раната и точна дијагноза потврдена со рана идентификација на паразитот и адекватна, навремена,долготрајна и интензивна терапија со 0,02% PHMB. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/23396 |
Appears in Collections: | Faculty of Medicine: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Makedonski Medicinski Pregled Vesna Cheleva 2003.pdf | 9.05 MB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.