Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/23084
Title: ГЕНЕЗА И СВОЈСТВА НА ПОЧВИТЕ ОБРАЗУВАНИ ВРЗ ВАРОВНИЦИ И ДОЛОМИТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Authors: Mile Markoski
Keywords: калкомеланосол, калкокамбисол, црвеница, генеза, механички својства, физички својства, минералошки состав, хемиски својства
Issue Date: 2013
Publisher: УДК: 631.4 (497.73) (043.3) Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје
Abstract: Испитувани се почвите образувани врз варовници и доломити на различни локации на територијата на Република Македонија. Теренските истражувања се извршени во текот на 2010, 2011 и 2012 година, при што беа ископани 52 основни педолошки профили од кои 34 се калкомеланосоли, 13 калкокамбисоли и 5 профили на црвеница.На овие почви оишани се нивната генеза, еволуција, класификација, механичкиот состав, агрегатниот состав, привидната и правата фактичка густина на почвата, порозноста, ретенцијата и ретенционите криви, минералошкиот состав на почвите, хемиските својства.Овие почви се карактеризираат со тип на профил O-A-R; A-R; A-(B)rz-R.Содржината на одделните фракции на ситноземот на калкомеланосолите варираат во зависност од поттипот. Фракцијата физички песок (крупен + ситен песок) во хоризонтот Amo изнесува 44,81% кај органоминералната В.Д.Ц, 40,13% кај органогената и во браунизираната В.Д.Ц 36,52%. Во хоризонтот (B)rz кај браунизираните В.Д.Ц изнесува 32,64%. Содржината (глина + прав) или физичка глина во хоризонтот Аmo изнесува 55,19% кај органоминералните црници В.Д.Ц, 59,87% кај органогените и највисока содржина има во браунизираните В.Д.Ц 63,48%. Просечната вредност на оваа фракција во хоризонтот (B)rz кај браунизираните В.Д.Ц изнесува 67,36%. Во калкокамбисолите просечната содржина на фракцијата физички песок во хоризонт Amo изнесува 33,43%, а во камбичниот хоризонт (B)rz 22,50%. Кај црвеницата фракцијата физичка глина е застапена со поголем процент во однос на фракцијата физички песок. При тоа, во хоризонтот Amo во фракцијата физичка глина доминира фракцијата на глина, средно 43,08% и 52,13% во камбичниот хоризонт, односно 24,90% во Amo и 19,37% за фракцијата прав. Почвите образувани врз варовници и доломити најчесто имаат зрнеста структура, но таа варира во зависност од развојниот стадиум на почвениот тип и поттип. Од трите почвени типови, калкомеланосолите имаат најниска просечна вредност на привидната густина. Поради поголемото количество органска материја во поттипот органогени В.Д.Ц, привидната густина во хоризонтот Amo има најниска вредност (0,82 g/cm3) во споредба со останатите поттипови.Најголем ретенциски капацитет, средно 41,48% при притисок од 0,33 бари има во хумусно–акумулативниот хоризонт Amo во поттипот органогена В.Д.Ц. Останатите поттипови имаат помала ретенција во овој хоризонт. Просечните вредности на ретенцијата (притисок од 0,33 бари) во хоризонтот Amo и камбичниот хоризонт (B)rz кај калкокамбисолите изнесува 33,49% односно 33,24%. Просечната ретенција во црвениците при притисок од 0,33 бари во хоризонтот Amo изнесува 39,05%, а во (B)rz 40,25%.Минералошкиот состав на матичниот супстрат има влијание на сумата на разменливи базични катјони во почвениот атсорптивен комплекс. Во сите проучени профили најзастапен е каолинитот, потоа илитот и вермикулитот. Останатите минерали, како што се смектит, хлорит, мешанослоевитите минерали (МСМ) и бемит, различно се застапени во ипитуваните профили, а тоа има влијание врз многу својства на почвата.Калкомеланосолите се карактеризираат со најголема содржина на хумус во однос на останатите почви образувани на варовник и доломит. Најголема средна вредност (19,47%) има во поттипот органогена В.Д.Ц. Во калкокамбисолите има помалку хумус. Содржината на хумус во хоризонт Amo средно изнесува 8,50%, а во камбичниот хоризонт (B)rz 5,18%. Кај црвеницата просечната содржина на хумус во хоризонтот Аmo изнесува 5,33%, а во камбичниот хоризонт (B)rz 2,13%. pH во H2O кај поттипот органогена В.Д.Ц просечно изнесува 6,99, просечна вредност (6,93) имаат органоминералните В.Д.Ц. Во хоризонтот Amo кај браунизираната В.Д.Ц изнесува 6,12 а во кабичниот хоризонт (B)rz, средно 6,68. Во калкокамбисоли доаѓа до дебазификација и ацидификација, заради што почвениот раствор се закиселува и во хоризонтот Аmo и (B)rz просечната вредност на pH во H2O изнесува 6,63. Во црвениците просечната pH во H2O во хумусно-акумулативниот хоризонт Аmo изнесува 6,94 а во камбичниот хоризонт (B)rz 6,72. Највисок капацитет на атсорпција на катјони се јавува во хумусно акумулативниот хоризонт Amo (57,83 cmol(+)kg-1 ) кај органоминералните В.Д.Ц. Просечните вредностите за капацитетот на атсорпција кај калкокамбисолите во хумусно акумулативниот хоризонт Amo изнесува (59,53 cmol(+)kg-1 ) и во камбичниот хоризонт (B)rz 48,57 cmol(+)kg-1 . Кај црвеницата, капацитетот на атсорпција во хумусно-акумулативниот хоризонт (Amo) просечно изнесува 44,62 cmol(+)kg-1 , а во камбичниот хоризонт (B)rz 48,72 cmol(+)kg-1.Сумата на разменливи базични катјони највисока вредност се јавува во хумусно-акумулативниот хоризонт Amo (48,43 cmol(+)kg-1 ) кај органоминералните В.Д.Ц. Кај калкокамбисолите во хумусно-акумулативниот хоризонт Amo изнесува 48,18 cmol(+)kg-1, а во камбичниот хоризонт (B)rz, 36,54 cmol(+)kg-1. Црвениците просечната вредност на (S) во хумусно-акумулативниот хоризонт Amo изнесува 28,01 cmol(+)kg-1, а во камбичниот хоризонт (B)rz, 33,22 cmol(+)kg-1 почва. Во атсорптивниот комплекс доминира разменливиот Ca2+, потоа доаѓа Mg2+, K+и Na+. Највисока просечна вредност на атсорбиран Ca2+ (38,15 cmol(+)kg-1) во хумусно акумулативниот хоризонт Amo има кај поттипот органогена В.Д.Ц, потоа (29,84 cmol(+)kg-1) кај органоминералната и (23,60 cmol(+)kg-1) кај браунизираната В.Д.Ц. Кај поттипот браунизирана В.Д.Ц, во камбичниот хоризонт (B)rz изнесува 28,16 cmol(+)kg-1. Кај калкокамбисолите просечната содржина на атсорбиран Ca2+ во умусно акумулативниот хоризонт Amo изнесува 32,91 cmol(+)kg-1или (57,07% од Т), а во камбичниот хоризонт (B)rz (26,52 cmol(+)kg-1 почва) или (56,26% од Т). Кај црвениците просечната содржина на атсорбиран Ca2+ во хумусно-акумулативниот хоризонт (Amo) изнесува 24,85 cmol(+)kg-1 почва или (59,28% од Т ). Просечната содржина на (H++Al3+) кај калкомеланосолите во хумусно-акумулативниот хоризонт Amo во поттипот органогена изнесува 10,70 cmol(+)kg-1 или (19,40% од Т), кај органоминералните изнесува 9,36 cmol(+)kg-1 или (18,17% од Т) и 12,92 cmol(+)kg-1или (31,39% од Т), кај браунизираните В.Д.Ц и во камбичниот хоризонт (B)rz кај истиот поттип изнесува 13,81 cmol(+)kg-1или (33,89% од Т). Просечните вредности на атсорбираните (H++Al3+) во хумусно-акумулативниот хоризонт изнесува 11,30 cmol(+)kg-1 почва или (22,86% од Т), и 11,72 cmol(+)kg-1 почва или (25,27% од Т) во камбичниот хоризонт (B)rz кај калкокамбисолите. Кај црвениците доаѓаат киселинските катјони (H++Al3+) и нивната просечна вредност во хоризонтот Amo изнесува 16,58 cmol(+)kg-1 почва (или 33,47% од Т), а во хоризонтот (B)rz 15,42 cmol(+)kg-1 почва (или 33,70% од Т).
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/23084
Appears in Collections:Faculty of Agricultural Sciences and Food: PhD Theses

Show full item record

Page view(s)

88
checked on Apr 24, 2024

Download(s)

171
checked on Apr 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.