Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2269
Title: Улогата на дефектологот во креирањето на инклузивната пракса
Authors: Атанасоска, Ивана
Keywords: инклузија, инклузивен процес, дефектолог
Issue Date: 2019
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Атанасоска, И. (2019). Улогата на дефектологот во креирањето на инклузивната пракса. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: Начинот на којшто е концептуализирана инклузијата може значително да се разликува во практиката на креаторите на политиката, на администраторите, директорите и наставниците, како и на други професионалци што работат во различни национални образовни контексти. Инклузијата како процес подразбира вклучување на сите лица со пречки во развојот, опфаќајќи ги сите сегменти на општественото живеење. За успешна реализација на инклузивниот процес, потребно е да се овозможи заедничко образование на сите деца, бидејќи образованието претставува најзначајниот сегмент на општественото живеење. Целта на ова истражување е да се испита улогата на дефектологот во инклузивниот процес во редовните училишта. Според карактерот на истражувањето, станува збор за евалуациско истражување. Во статистичката обработка беа користени следниве постапки:дескриптивна статистика и инференциска статистика (дистрибуција на фреквенција, процент, аритметичка средина и стандардна девијација). Степенот на статистичка значајност на сите анализи е на ниво од р < 0,05. Организациската поставеност во училиштата покажа дека дефектологот како дел од стручната служба се јавува како одговор од 62 испитаника, односно 98,4 %. Дефектолозите, исто така, во најголемиот дел од училиштата (96,9%) се членови на инклузивниот тим. Тие често посетуваат обуки, а стекнатото знаење им го пренесуваат на наставниците и семејството со кои често соработуваат. Честата соработка помеѓу дефектологот и наставниците и дефектологот и семејството овозможува одржување на комуникацијата, споделување на искуства, советодавна поддршка и упатства за помош на ученикот кој има потреба од тоа.
Description: Магистерска теза одбранета во 2019 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Даниела Димитрова - Радојичиќ.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2269
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
iatanasoska2019.pdf1.88 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

63
checked on Jul 18, 2024

Download(s)

602
checked on Jul 18, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.