Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2164
Наслов: Децентрализацијата и локалните економски реформи во државите на Југоисточна Европа
Authors: Aleksandra Maksimovska
Aleksandar Stojkov
Issue Date: 16-сеп-2015
Source: „Децентрализацијата и локалните економски реформи во државите на Југоисточна Европа“, Зборник на трудови во чест на проф. д-р Лазар Китановски, Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, 2015 год., стр. 281-294.
Journal: Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Зборник на трудови во чест на проф. д-р Лазар Китановски (том 52), ISSN 0583-5062.
Abstract: Во 2015 година регионот веќе чекори во т.н. пост-децентрализациска деценија, имајќи ги предвид севкупните административни, политички, јавно-финансиски и социјални димензии. Во овој период се забележува тренд на намалување на брзината на децентрализациските процеси, првенствено како последица на претходниот секавично брз наплив на широк опсег на реформи. Истовремено, искуствата во многу држави од регионот укажуваат на позитивна корелација со локалниот и националниот економски развој. Оттука, се наметнуваат повеќе круцијални прашања: со каква динамика да се превземаат чекорите за довршување на започнатите реформи; дали овие процеси носат нови предизвици поврзани со поголема поделба по економски и/или етнички основи. Трудот има за цел да даде нови видувања на целокупната состојба, преку анализа на причините кои ја предизвикаа децентрализацијата во Југоисточна Европа, елаборација на спроведената децентрализациска реформа и користите од новиот систем на локално (финансиско) управување и формулирање на препораки за иднината на децентрализацијата во контекст на економски развојот во регионот на Југоисточна Европа. Во географски контекст, трудот се фокусира на следните држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Словенија, Србија, Хрватска, Турција и Црна Гора.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2164
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Прикажи целосна запис

Page view(s)

96
checked on 24.4.2024

Download(s)

67
checked on 24.4.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.