Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21580
Наслов: МУЛТИРЕЗИДУАЛНА АНАЛИЗА НА β-АГОНИСТИ ВО БИОЛОШКИ МАТРИКСИ СО ПРИМЕНА НА LC-MS/MS МЕТОД
Other Titles: MULTIRESIDUE ANALYSIS OF β-AGONISTS IN BIOLOGICAL MATRICES USING LC-MS/MS METHOD
Authors: Uzunov, Risto 
Keywords: β-агонисти, биолошки матрикси, оптимизација, валидација, LCMS/MS
Issue Date: 16-апр-2019
Abstract: β-агонистите се синтетички произведени супстанци кои се користат во терапија на пулмонални обструктивни заболувања кај луѓето и домашните животни, а кај домашните животни исто така се користат и како срцеви тоници и токолитици. Покрај тоа β-агонистите може да се користат како промотори на раст кај многу животински видови за производство на месо. Апликацијата на 5-10 пати повисоки дози од одобрените терапевтски дози кај животните за производство на месо резултира со значително зголемување на мускулната маса, подобро искористување на храната, подобар состав на трупот и значително намалување на телесните масти. По употреба кај фармските животни, остатоци од β-агонистите се депонираат во ткивата и се потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Постојат многу документирани случаи каде конзумирањето на месо и црн дроб кои содржат β-агонисти довеле до сериозни интоксикации кај луѓето. Поради тоа, со Директивата 96/22/ЕС, Европската Унија ја забранува употребата на β-агонисти кај фармски животни, додека со Директивата 96/23/ЕС, Европската Унија ги пропишува мерките за следење на овие супстанци во животните и производите од животинко потекло. Целта на ова истражување беше да се оптимизира и валидира потврден LC-MS/MS метод за определување на β-агонисти во урина, мускул и црн дроб и да се мониторира присуството на овие супстанци во наведените матрикси во периодот од 2014-2016 година. Со оптимизација на LC-MS/MS методот беа оптимизирани хроматографските услови и условите на масениот детектор. За секој β-агонист, со масениот детектор со користење на ESI+ јонизација, беа утврдени главните јони и по три продукт јони. Валидацијата на методот беше извршена според Одлуката на Комисијата 2002/657/EC и при тоа беа утврдени следните валидациски параметри: линеарност, CCα, CCβ, специфичност/селективност, точност и прецизност. Во истражувањето беа анализирани вкупно 525 примероци, од кои 274 урина, 150 мускул и 101 примерок црн дроб. Од добиените податоци од валидацијата може да се заклучи дека истите се во согласност со барањата од Одлуката на Комисијата 2002/657/EC. Според тоа во истражувањето е оптимизиран и валидиран линеарен, специфицичен, селективен, точен и прецизен потврден LC-MS/MS метод за определување на β-агонисти во урина, мускул и црн дроб кои потекнуваат од животни кои се користат во исхраната на луѓето. Во анализираните примероци не беа детектирани β-агонисти во концентрација над утврдената вредност за CCα, што практично значи дека резултатите укажуваат на нулта инциденца на нелегална или случајна употреба на β-агонисти и дека примероците се слободни од овие штетни супстанци.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21580
Appears in Collections:Faculty of Veterinary Medicine: PhD Theses

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
ДОКТОРАТ-УЗУНОВ-ФИНАЛНА-ВЕРЗИЈА-02042019.pdf9.27 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

65
checked on 7.5.2024

Download(s)

35
checked on 7.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.