Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2155
Title: Ставовите на учениците во средно училиште во однос на учениците со попреченост
Authors: Димеска, Катерина
Keywords: инклузија, деца со посебни образовно потреби, ставови на врсници
Issue Date: 2019
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Димеска, К. (2019). Ставовите на учениците во средно училиште во однос на учениците со попреченост. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: Прифатеноста на децата со посебни образовни потреби е од голема важност и значајна за развојот на овие деца и личноста воопшто. Градењето на позитивна клима, поддршката, соработката со овие ученици во училницата е многу важна во изградувањето на зрела личност. Инклузијата во најголема мера зависи од квалитетот на образование, медицинските и правните услуги, ставовите на врсниците и ставовите на наставниците, прифатеноста и чувството на припадност во групата. Целта на истражувањето е да се утврдат ставовите на учениците од средните училишта за прифаќање на учениците со посебни образовни потреби. Во истражувањето се опфатени 927 ученици од различна националност, македонци и албанци, од едно редовно средно училиште во Скопје. Во истражувањето користен е дескриптивен метод, кој даде опис на појавата, каузална метода, со што се испита причинско-последичната поврзаност на ставовите на учениците во средно училиште во однос на учениците со посебни образовни потреби по пол, националност и возраст. Метод на компарација со што се направи меѓусебно споредување на ставовите на учениците. Со користење на техниката на анкетирање, ги собравме потребните податоци од испитаниците преку нивните одговори. За реализација на техниката на анкетирање како инструмент е користен анкетен лист, кој содржи 19 формулирани прашања од отворен тип и прашања со алтернација на кој испитаниците одговараа писмено. Резултатите од ова истражување упатуваат на тоа дека постојат разлики во ставовите на учениците од редовните училишта за прифаќање на учениците со посебни образовни потреби во истите, односно, поголем број на ученици имаат позитивен став за прифаќање на учениците со посебни образовни потреби како би седеле во иста клупа, би другарувале со нив, би излегле во ноќен клуб или бар. Исто така голем број од учениците покажале позитивен став кон учениците со посебни образовни потреби за вклучување во редовните средни училишта како би ги изучувале истите предмети како нив и би ги почитувале правилата во училиштето. Од ова истражување се покажа дека девојчињата имаат попозитивни ставови во однос на прифаќањето на учениците со посебни образовни потреби за разлика од момчињата. Разликите во ставовите според националноста се покажаа со тоа што учениците од албанска националност во значајно помала мера имаат позитивни ставови кон учениците со посебни образовни потреби. Исто така различни ставови имаат учениците од различна возраст, односно учениците од четврта година имаат попозитивни ставови за вклучување на учениците со посебни образовни потреби во редовните училишта и почитување на правилата на однесување како и прифаќање да излезат со нив во ноќен клуб. Учениците од трета година имаат помалку позитивен став кон учениците со посебни образовни потреби во однос на почитување на правилата на тимската игра и другарување со нив за разлика од учениците од прва година имаат попозитивен став кон овие прашања, но сепак учениците од прва година имаат помалку позитивен став за излегување во ноќен клуб или бар со ученици со посебни образовни потреби. Од истражувањето се покажа дека голем број од учениците имаат позитивни ставови за продолжување на образованието на учениците со посебни образовни потреби по завршување на средното образование, а исто така голем број ученици сметаат дека учениците со посебни образовни потреби ги имаат истите права како и нив.
Description: Магистерска теза одбранета во 2019 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Горан Ајдински.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2155
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
kdimeska2019.pdf1.61 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

53
checked on Jul 18, 2024

Download(s)

223
checked on Jul 18, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.