Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21533
DC FieldValueLanguage
dc.contributor.authorДаниела Буклиоска Илиевскаen_US
dc.date.accessioned2022-07-25T08:10:56Z-
dc.date.available2022-07-25T08:10:56Z-
dc.date.issued2021-11-01-
dc.identifier.urihttp://hdl.handle.net/20.500.12188/21533-
dc.description.abstractВовед: Кај пациентите со хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) често се сретнуваат придружни болести (коморбидитети) кои што значајно влијаат на текот и прогнозата на болеста. Кардиоваскуларните и метаболните нарушувања се сметаат за чести и важни коморбидитети на ХОББ. Цел на трудот: Да се одреди зачестеноста на кардиоваскуларните и метаболните коморбидитети кај група испитаници со ХОББ, да се спореди нивната зачестеност со зачестеноста на истите кардиоваскуларни и метаболни нарушувања кај испитаници кои што немаат ХОББ и да се спореди нивната зачестеност кај одделните подгрупи на ХОББ класифицирани според степенот на тежина на болеста. Материјал и методи: Во истражувањето од типот на студија на пресек (cross-sectional study) вклучени се 278 испитаници, 220 испитаници со дијагностицирана ХОББ (Испитувана група - ИГ) и 58 испитаници кај кои ХОББ е исклучена (Контролна група – КГ). Испитаниците со ХОББ се поделени во четири подгрупи според степенот на ограниченоста на воздушниот проток низ дишните патишта, односно според вредноста на форсираниот експираторен волумен во првата секунда (forced expiratory volume in 1 second – FEV1): GOLD 1 (FEV1≥80% од предвидената вредност), GOLD 2 (FEV1=50-80%), GOLD 3 (FEV1=30-50%) и GOLD 4 (FEV1<30%). Протоколот на истражувањето се состои од: пополнување прашалник, анализа на нивната медицинска документација, лабораториски испитувања, пулмолошка евалуација (проценка на степенот на тежина на диспнеата, пре и постбронходилататорна спирометрија, гасни анализи и Ртг на градниот кош), кардиоваскуларна евалуација (мерење на крвниот притисок, ЕКГ, 24-часовениот Холтер ЕКГ монитроинг, дводимензионална доплер ехокардиографија, пресметување на 10-годишиот ризик за фатални кардиоваскуларни настани, доплер на каротидните артерии и артериски доплер на долните екстремитети) и метаболна евалуација (детекција на метаболен синдром и дијабетес мелитус тип 2). Добиените податоци се статистички обработени со дескриптивни и аналитички методи. Резултати: Просечниот број на леукоцити кај испитаниците од ИГ се статистички сигнификантно повисок од нивниот просечен број кај испитаниците од КГ (9,44 vs. 6,41; p = 0,00001), а во рамки на подгрупите на ИГ регистриран е сигнификантен пораст на бројот на леукоцитите со намалување на вредноста на FEV1 (GOLD 1→ GOLD 4). Сличен е наодот и кај другиот маркер на системска инфламација, односно просечната вредност на ЦРП кај испитаниците од ИГ е сигнификантно повисока од нејзината просечна вредност кај испитаниците од КГ (8,04 vs. 3,84; p = 0,00001) со сигнификантен пораст на вредноста на ЦРП со намалување на вредноста на FEV1. Зачестеноста на испитаници со дислипидемија (зголемени вредности на серумскиот холестерол или/и триглицериди) е е повисока во ИГ за сите три параметри отколку во КГ, но разликата не е статистички сигнификантна, односно зачестеноста на испитаници кои што немаат дислипидемија е повисока во КГ (63,79%) отколку во ИГ (50,45%). Просечните вредности на ежекционата фракција на левото срце (LVEF) се статистички сигнификантно пониски кај испитаниците од ИГ (58,67%) во однос на КГ (62,74%) (р = 0,00003), а во рамки на подгрупите на ИГ регистрирано е статистички сигнификантно намалување на вредностите на LVEF со намалување на вредностите на FEV1. Зачестеноста на испитаниците од ИГ со енд-дијастолан димензија на левата комора (LVEDd) поголема од 56 mm сигнификантно повисока кај испитаниците од ИГ (17,27%) во споредба со КГ (3,45%) (р = 0,0056). Зачестеноста на испитаниците од подгрупите на ИГ во однос на вредностите на енд-дијастолната димензија на левата комора поголеми од 56 mm расте со намалувањето на вредноста на FEV1, но разликата помеѓу одделните подгрупи не е статистички сигнификантна. Зачестеноста на испитаници со димензија на левата преткомора поголема од 40 mm е повисока кај испитаниците од ИГ (37,27%) во однос на КГ (25,86%), но разликата не е статистички сигнификантна. Исто така, зачестеноста на овие испитаници расте со намалувањето на вредноста на FEV1, но разликата помеѓу одделните подгрупи не е статистички сигнифиакнтна. Зачестеноста на испитаниците од ИГ со енд-дијастолна димензија на десната комора (RVEDd) поголема од 26 mm е сигнификантно повисока кај ИГ во однос на КГ (47,27% vs. 12,07%; p = 0,00001) со статистички сигнификантен пораст на зачестеноста со намалувањето на вредноста на FEV1. Пулмонална артериска хипертензија е регистрирана само кај испитаниците од ИГ, а нејзините просечни вредности се движат од 41,3 mmHg кај испитанците од подгрупата GOLD 1 до 53,3 mmHg кај испитаниците од подгрупата GOLD 4. Зачестеноста на испитаниците со дијагностицирана ИБС е повисока кај испитаниците од ИГ (18,64%) отколку кај испитаниците од КГ (15,52%), но разликата не е статистички значајна. Скорот на 10-годишниот утврден ризик за фатални кардиоваскуларни настани кај испитаниците од ИГ е статистички сигнификантно повисок во однос на испитаниците од КГ (21,7 vs. 15,8; p = 0,0047). Во однос на подгрупите од ИГ, регистриран е статистички сигнификантно повисок ризик кај испитаниците од подгрупата GOLD 3 во однос на другите три подгрупи. Најчести нарушувања на срцевиот ритам регистрирани со ЕКГ се синус тахикардијата и атријалната фибрилација. Нивната зачестеност е сигнификантно повисока кај испитаниците од ИГ во однос на испитаниците од КГ (31,36% vs. 13,79%; p = 0,008, односно 38,64% vs. 3,45%; p = 0,0001). Во обата случаја нивната зачестеност расте со намалување на вредноста на FEV1. Зачестеноста на суправентрикуларните аритмии регистрирана со 24-часовен ЕКГ Холтер мониторинг е повисока кај испитаниците од ИГ во однос на КГ со статистички сигнификантна разлика за перзистентниот атријален фибрилофлатер (22,27% vs. 3,45%; р = 0,0001) и суправентрикуларните екстрасистоли во низа (22,73% vs. 6,90%; р = 0,051). Зачестеноста на вентрикуларните нарушувања на срцевиот ритам регистрирана со 24-часовен ЕКГ Холтер мониторинг е повисока кај испитаниците од ИГ во споредба со испитаниците од КГ, а нивната зачестеност расте со намалување на вредноста на FEV1, но разликата не е сигнификантна. Наодите од доплерот на каротидните артерии укажува на сигнификантно повисока зачестеност на наодите на интима-медиа задебелување и лесна, средно тешка и тешка стеноза кај испитаниците од ИГ во однос на КГ. Според наодот од артерискиот доплер на долните екстремитети зачестеноста на испитаници со наод на поизразени атеросклеротични плаки без стеноза и наодот на стеноза е сигнификантно повисок кај испитаниците од ИГ (26,82% во обата случаја) во однос на испитаниците од КГ (13,79%, односно 1,72%). Во рамките на ИГ, зачестеноста на наодот на стеноза е статистички сигнификантно повисок кај испитаниците од подгрупите GOLD 2, GOLD 3 и GOLD 4 во однос на испитаниците од подгрупата GOLD 1. Зачестеноста на артериска хипертензија е повисоко кај испитаниците од ИГ (36,82%) во однос на испитаниците од КГ (27,59%), но разликата не е сигнификантна. Во однос на подгрупите на ИГ, зачестеноста на хипертензијата е повисока во подгрупите GOLD 3 и GOLD 4 во однос на подгрупите GOLD 1 и GOLD 2, но разликата не е статистички сигнифиакнтна. Зачестеноста на метаболниот синдром е статистички сигнификантно повисока кај испитаниците од ИГ (32,27%) во однос на КГ (10,34%) (p = 0,0009). Неговата зачестеност во подгрупите GOLD 2, GOLD 3 и GOLD 4 е сигнификантно повиоска во однос на подгрупата GOLD 1. Зачестеноста на дијабетес мелитус е сигнификантно повисока кај ИГ (50%) во однос на КГ (32,76%) (p = 0,0192). Неговата зачестеност во рамките на подгрупите на ИГ се зголемува со намалувањето на вредноста на FEV1 што се должи на статистички сигнификантно повисоката зачестеност на дијабетес мелитус тип 2 кај испитаниците од подгрупите GOLD 2, GOLD 3 и GOLD 4 во однос на подгрупата GOLD 1. Сигнификантна позитивна корелација на ХОББ е утврдена со намалената вредност на ежекционата фракција на левата комора и со зголемената енд-дијастолна димензија на десната комора, синус тахикардијата и атријалната фибрилација регистрирани на ЕКГ, синус тахикардијата, суправентрикуларната тахикардија, перзистентната атријална фибрилација и суправентрикуларните екстрасистоли во низа регистрирани со 24-часовен ЕКГ Холтер мониторинг, наодите на интима-медиа задебелување и лесна и средно тешка стеноза регистрирани со доплер на каротидните артерии, наодите на иницијални и дифузни атеросклеротични плаки без стеноза и на стеноза регистрирани со артериски доплер на долните екстремитети, метаболниот синдром и дијабетес мелитус. Во поглед на предиктивната улога на ХОББ за одделните кардиоваскуларни и метаболни нарушувања, сигнификантна асоцираност за целиот примерок е утврдена со намалената вредност на ежекционата фракција на левата комора, зголемената енс-дијастолна димензија на левата комора и зголемената енд-дијастолна димезија на десната комора, атријалната фибрилација регистрирана на ЕКГ, наодите на интима-медиа задебелување и на лесна и средно тешка стеноза регистрирани со доплер на каротидните артерии и со дијабетес мелитус. Заклучок: Добиените резултати укажуваат на повисоката зачестеност на кардиоваскуларните и метаболните нарушувања кај испитаниците со ХОББ во однос на испитаниците кои што немаат ХОББ, нивна присутност во раните фази на болеста и пораст на зачестеноста со нејзината прогресија, односно на потребата од активно барање на кардиоваскуларните и метаболните нарушувања кај сите пациенти со ХОББ, нивна рана детекција, рано започнување со третманот и внимателно следење со што ќе се намали нивниот ефект врз текот и исходот на болеста.en_US
dc.language.isomken_US
dc.subjectартериска хипертензијаen_US
dc.subjectдијабетес мелитусen_US
dc.subjectехокардиографски промениen_US
dc.subjectисхемична болест на срцетоen_US
dc.subjectкаротидна артериска болестen_US
dc.subjectметаболен синдромen_US
dc.subjectпериферна артериска болестen_US
dc.subjectсрцеви аритмииen_US
dc.subjectхронична опструктивна белодробна болестen_US
dc.titleКАРДИОВАСКУЛАРНИ И МЕТАБОЛИЧКИ КОМОРБИДИТЕТИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ХРОНИЧНА ОПСТРУКТИВНА БЕЛОДРОБНА БОЛЕСТen_US
dc.typeThesisen_US
item.fulltextWith Fulltext-
item.grantfulltextopen-
crisitem.author.deptFaculty of Medicine-
Appears in Collections:Faculty of Medicine: PhD Theses
Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Daniela Buklioska Ilievska PhD thesis.docDaniela Buklioska Ilievska PhD thesis10.05 MBMicrosoft WordView/Open
Show simple item record

Page view(s)

99
checked on Mar 29, 2024

Download(s)

73
checked on Mar 29, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.