КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА СТРАТЕГИИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕКОЛОШКИ КРИМИНАЛ
Date Issued
2021
Author(s)
Mihajlova Stratilati, Elena
Mihajlov, Marjan
Abstract
Компаративната анализа на стратегии за справување со еколошки криминал
претставува еден од клучните резултати на „Проектот за добро управување
со животната средина“ имплементиран од страна на Центарот за правни
истражувања и анализи (ЦПИА), финансиран од UK aid преку Владата на
Обединетото Кралство. Целта на проектот е да се подобрат стандардите
за управување со животната средина преку воспоставување на судски и
регулаторни норми и протоколи кои ја регулираат имплементацијата на
законите за животна средина во Северна Македонија.
Општиот заклучок на оваа компаративна анализа е дека во Република
Северна Македонија постојат недостатоци во имплементацијата на мерките
за заштитата на животната средина, што е резултат на недоволните
административни и финансиски ресурси со кои располагаат институциите.
Овие проблеми несомнено доведуваат до заклучокот дека веќе слабата
соработка помеѓу сите активни чинители во областа на животната средина е
време да се подобри и продлабочи.
Законската рамка за превенција и унапредување на здрава животна средина
е несоодветна, таа е застарена и бара надополнување и предвидување на
нови кривични дела кои досега не биле опфатени со Кривичниот законик.
Ова надополнување би требало да се движи и во насока на допрецизирање и
појасно опишување на законските битија на веќе постоечките кривични дела,
како и на давање објаснување на некои основни термини со цел правилна
примена на членовите.
Наодите на оваа анализа упатуваат на тоа дека казнената политика во РСМ
е преблага, земајќи ги во предвид висината на штетите кои настануваат во
природата. Најголем број од судските одлуки се условни пресуди, мал дел
завршуваат со парични казни за сторителите, а во само еден случај е изречена
и казна затвор. Паричните казни пак се прениски, а скоро и воопшто да не
се размислува на вклучување на обврската за реставрација или враќање на
животната средина во поранешната состојба.
Дополнително анализата вниманието го поставува и прашањето на
одговорноста на врштелите на кривични дела. Поголема заштита би се
постигнало доколку и корпоративната еколошка кривична одговорност се земе
предвид, бидејќи корпорациите се имаат покажано како едни од најголемите
загадувачи во Републиката.
Како позитивна констатација во анализата се издвојува фактот штои покрај
тоа што судовите имаат ниска казнена политика, спроведените кривични
постапки се карактеризираат со голема поткрепеност со докази и висок степен
на професионалност на органите на прогонот.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Компаративна-анализа-на-стратегии-за-справување-со-еколошки-криминал_compressed.pdf
Size
2.02 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):9824c9833b63aeb33ae44fa97815b2b8