Обезбедување на ’антиципативен’ влез на правото на Европската Заедница – обврска или дискреција на судиите од државите-кандидати за членство во Унијата?
Journal
Зборник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во чест на проф. д-р Владимир Митков (2009)
Date Issued
2009
Author(s)
Cenevska, Ilina
Abstract
Правилната примена на правото на Европската Заедница е суштински
предуслов за членство во Унијата, но она што од друга страна е интересно да се
опсервира е една правна ситуација која неретко во претпристапниот период е
присутна во внатрешното право на државите-кандидати за членство во Унијата.
Евидентно е, кога ќе се погледне во претпристапната судска пракса како
на уставните така и на обичните судови на голем дел од поранешните држави кандидати за членство денес полноправни членки на Унијата, дека тие, носејќи про-европски пресуди со про-интеграциска аргументација, му дадоа одреден индиректен ефект на правото на ЕЗ во нивните национални
правни поредоци.
Процесот на хармонизација е доста специфичен процес, меѓу другото, од
причина што не може секогаш реско и егзактно да се разграничи кога тој
(суштински, не формално-правно) почнува да тече. Дали тој отпочнува со
започнувањето на преговорите за потпишување на договорот за асоцијација, дали
можеби со самото негово потпишување, или пак со стекнувањето на статусот
кандидат за прием во членство?
Хармонизацијата не би смеела en bloc да се смета за завршена во
моментот кога една држава ќе биде примена во членство бидејќи обврската за
претпристапно хармонизирање на националното право која претходно постоела
со стапувањето во членство добива поинакво име и зазема поинакви димензии,
но во суштина станува збор за истиот, континуиран процес кој логички се
надоврзува на процесот кој претпристапно се одвивал.
Република Македонија како држава-кандидат за прием во членство во
Европската Унија во моментов минува низ споменатиот процес на
хармонизација и сите придружни политичко-правни процеси кои тој ги
подразбира. Оттаму, можноста македонските судови во одредени случаи да
дадат толкување на домашните правни акти на начин конзистентен со
правото на Заедницата е сосема веројатна, но и посакувана околност во
контекст на нејзините аспирации во блиска иднина да му пристапи на европското семејство.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Cenevska Anticipativen vlez Zbornik Mitkov.pdf
Size
348.92 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):71f0ea0f09f41d8e2705622ab71a30e1