Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1828
Наслов: Семејството и религиските вредности
Other Titles: Family and religious values
Authors: Радуловиќ, Македонка 
Keywords: семејство, религија, традиција, религиски вредности, семејни вредности
Issue Date: 2018
Publisher: Универзитет Гоце Делчев, Штип
Source: Радуловиќ, М. (2018). „Семејството и религиските вредности“. Зборник на трудови, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.
Conference: Петта меѓународна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“
Abstract: Религијата претставува составен дел од животот на верниците. На нашите простори таа е длабоко испреплетена со традицијата, семејните вредности и културното наследство. Истражувањата покажуваат дека најголем дел од граѓаните во Република Македонија се дефинираат себе си како верници (91%), меѓутоа ако навлеземе во детална анализа ќе видиме дека најчесто, станува збор за традиционални верници, кои не немаат стручни познавања за религијата, ниту пак целосно се придржуваат кон религиските начела и практики. Разбирањето на религијата кај треадиционалните верници се сведува на почитување на традицијата и религиските обреди и ритуали кои се негуваат со генерации. По осамостојувањето на Република Македонија, започнува долг период на ревитализација на религијата, која се карактеризира со промена на религискиот систем, секуларизација на религијата, зближување на политичката и религиската елита, обидите за воведување на религиско образование итн. Во овој период се забележува пад на моралноста кај младите генерации која се манифестира со зголемување на девијантните појави во македонското општество: алкохолизам, наркоманија, проституција, малолетничка деликвенција, насилство итн. Во јавноста се добива впечаток дека младите не се се заинтересирани за религијата и не се придржуваат кон основните религиски начела, односно дека слабеат религиските и воопшто семејните вредности. Овој труд има за цел да ги оцени ставовите на младите луѓе поврзани со нивните религиски вредности, да дојде до сознанија за влијанието на семејството врз религиските вредности и практики. За таа цел е спроведено истражување врз шеесет испитаници кои се православни и припаѓаат на три различни генерации (од 18 до 36 години).
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1828
ISBN: 978-608-244-548-9
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 05: Conference papers / Трудови од научни конференции

Files in This Item:
File SizeFormat 
Семејството и религиските вредности.docx277.52 kBMicrosoft Word XMLView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

126
checked on 26.4.2024

Download(s)

99
checked on 26.4.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.