Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/17872
Наслов: Тековни состојби и перспективи на воениот фактор во светот
Authors: Cvetkovski, Sergej 
Zendelovski, Goran 
Keywords: сила, воен фактор, безбедност, поларизам, кризно жариште.
Issue Date: 2018
Publisher: Универзитет „ЕВРО-БАЛКАН“, Скопје
Source: Цветковски, С., Зенделовски, Г. Тековни состојби и перспективи на воениот фактор во светот. Универзитет „ЕВРО-БАЛКАН“ Скопје, 2018: 63-71
Conference: Науката-подршка на развојот во Југоисточна Европа
Abstract: Во меѓународната заедница се судираат различни и противречни општествени и политички сили, кои согласно своите интереси и цели ги менуваат постоечките општествени односи во глобалното општество. Улогата на силата, особено воената, ќе биде пресудна во воспоставувањето на релациите при меѓународните спротивставености. Анализирањето на тенденциите во развојот на воениот фактор се наметнува како потреба за подготовка за спротивставување на евентуално воено насилство од големи размери. Истражувачките прашања на кои во овој труд е направен обид да се одговори се: Како процесот на глобализацијата ќе влијаае врз безбедноста?!; Која е иднината на воените сојузи?!; и Каква е поврзаноста на светската економска криза и меѓународниот мир?! Ниту едно од овие прашања не може да се разгледува независно од новиот моментум на трката во вооружувањето. Во позадина на овие процеси е тенденцијата за еднострана воена надмоќ и контрола. Настапува период на триполаризам во меѓународните односи. Мешањето во внатрешните работи на економски послабите земји ќе биде основна ориентација на голeмите сили и во наредните декади. Ново европско кризно жариште е помалку веројатно, наспроти зголемената веројатност за пренесување на „борбените“ дејства во ниската вселена. Пронаоѓањето на вистински и долготрајни решенија за зачувување на глобалниот мир мора да биде императив во активноста на меѓународно признатите институции.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/17872
ISBN: 978-608-4714-60-6
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 05: Conference papers / Трудови од научни конференции

Прикажи целосна запис

Page view(s)

49
Last Week
0
Last month
0
checked on 3.5.2025

Download(s)

21
checked on 3.5.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.