Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/17852
Title: ПРОЦЕНА НА ЗНАЕЊЕТО, ПЕРЦЕПЦИЈАТА НА РИЗИК И ОДНЕСУВАЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ ЗА ВЛИЈАНИЕТО НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВРЗ АЛЕРГИСКИТЕ РЕСПИРАТОРНИ БОЛЕСТИ - Магистерски труд
Other Titles: Evaluation of knowledge, risk perception and behaviour of citizen of Skopje towards influence of climate change and air pollution on allergic respiratory diseases - Master Theses
Authors: Ристоска , Билјана 
Keywords: аерозагадување
алергиска астма
алергиски ринитис
климатски промени
однесување
перцепција на ризик
Issue Date: Mar-2022
Abstract: Вовед: Повеќе студии укажуваат дека климатските промени и аерозагадувањето се главна закана по здравјето на луѓето, животната средина и биодиверзитетот во 21 век. Како нивна последица, од ден на ден сè повеќе се зголемува инциденцијата и преваленцијата на хроничните незаразни болести, особено на алергиските респираторни болести и кардиоваскуларните. Цел: Главна цел на истражувањето беше да се направи процена на знаењата, перцепцијата на ризик и однесувањето на граѓаните на градот Скопје/Скопскиот Регион, во врска со климатските промени и аерозагадувањето и нивното влијание врз алергиските респираторни болести, особено алергиската астма и алергискиот ринитис. Материјали и методи: Истражувањето претставува дескриптивна аналитичка студија на пресек, која опфати 650 испитаници, граѓани на градот Скопје/Скопскиот Регион, со и без алергиска респираторна болест (АРБ). Инструмент на истражувањето беше анкетен прашалник составен од вкупно 32 прашања, распределени во пет поглавја: I – Општи податоци; II – Симптоми на алергиски респираторни болести; III – Алергиски ринитис; IV – Алергиска астма и V – Квалитет на воздухот, климатски промени и нивното влијание. Прашалникот беше поставен на електронската платформа „Google Forms“ и беше достапен за сите заинтересирани за целиот дефиниран период на истражувањето (три недели од јули 2021 година). Информациите за можноста за учество во студијата како и линкот за приклучување беа дадени преку социјалните мрежи, како и преку наше лично ангажирање преку електронска пошта. Податоците беа статистички обработени со користење на SPSS софтвер, верзија 22.0. За сите аплицирани анализи за утврдување на статистичка значајност се користеше ниво на сигнификантност од p < 0,05. Резултати и дискусија: Од машки пол беа 21,7 % од испитаниците, а 78,3 % беа од женски пол. Просечната возраст на испитаниците беше 42,50 ± 12,37. Најголем број од испитаниците беа со високо образование, потоа со средно образование, више/високо стручно образование и најмалку со основно образование. Од алергиски ринитис се изјаснија дека страдаат 69,5 % од испитаниците, а од нив 24,5 % имаа дијагноза потврдена од лекар. Додека, пак од алергиска астма страдаа 36 (5,5 %) испитаници, од нив дијагноза потврдена од лекар имаа 35 (5,4 %). Голем број од испитаниците се изјаснија дека не се задоволни од квалитетот на воздухот во Скопје/Скопскиот Регион последнава година, од тоа 78,7 % од испитаниците со АРБ и 70,1 % од оние без АРБ. Кај испитаниците со АРБ симптоми постоеше сигнификантно поголемо незадоволство (p < 0,05) во однос на испитаниците без АРБ. Понатаму постоеше сигнификантна разлика помеѓу АРБ-статусот на испитаниците и следењето на AQI-индексот, (за p < 0,05) при што поголемо беше следењето од испитаниците со АРБ. Најголемиот дел од испитаниците од двете групи се изјаснија дека воздухот во Скопје/Скопскиот Регион е многу полош последниве години, од кои 74,8 % од испитаниците со АРБ и 62,9 % без АРБ. Испитаниците со АРБ дадоа сигнификантно полоша (за p < 0,05) оценка за воздухот во Скопје/Скопскиот Регион во однос на оние без АРБ. Мнозинството на испитаници од двете групи сметаа дека аерозагадувањето влијае на нивното здравје, и тоа вкупно 93,6 % од испитаниците со АРБ и 85 % од оние без АРБ. За можно влошување на нивното здравје како последица од аерозагадувањето, (за p < 0,05) имаше сигнификантно поголема загриженост кај испитаниците со АРБ. За проблемот со климатските промени најголем број од испитаниците и од двете групи сметаа дека е многу значаен – 85,1 % vs. 77,3 % , со/без АРБ. За справување со аерозагадувањето најголем број од испитаниците го редуцираат непотребното движење на отворено. Кај испитаниците со АРБ сигнификантно (p < 0,05) повеќе беше забележано редуцирање на непотребното движење на отворено во однос на оние без АРБ. За намалување на физичката активност на отворено во денови кога аерозагадувањето е големо, исто така (за p < 0,05), постоеше сигнификантна разлика помеѓу АРБ-статусот на испитаниците, во прилог на лицата со АРБ. 70,1 % од испитаниците го озеленуваат домот со зелени растенија, додека 59,2 % носат маска KN95 на отворено. Најмал број од испитаниците користат прочистувач на воздухот во домот – 44,7 % vs. 38,7 %, со/без АРБ. Како најчест извор на информации за климатските промени од вкупниот број испитаници, беа посочени социјалните мрежи (87,2 %) и телевизијата (81,5 %). Најзначајни мерки за справување со климатските промени според повеќето испитаници се селектирање на отпадот за рециклирање – 80,9 % од испитаниците и користење платнени или биоразградливи ќеси при пазарување – 61,4 %. Заклучоци: Врз основа на поставените цели и хипотези и добиените резултати заклучивме дека граѓаните на Скопје/Скопскиот Регион делумно го перцепираат ризикот од аерозагадувањето и нивото на квалитетот на воздухот. Со тоа се потврдува нашата хипотеза за делумната перцепција на аерозагадувањето од нивна страна. Испитаниците со алергиска респираторна болест (АРБ), подобро ја согледуваат опасноста од зголемување на инциденцијата и преваленцијата на АРБ при зголемено аерозагадување, во однос на испитаниците без АРБ. Во однос на значајноста на климатските промени и перцепцијата на ризикот по нивното здравје, не се потврди нашата хипотеза за делумна перцепција. Во големо мнозинство испитаниците се изјаснија дека се свесни за ризикот од климатските промени по нивното здравје. Потребни се поопсежни студии со значително поголем број испитаници, како и со интервју лице в лице за да може да се добие покомплетна слика за состојбите во Скопје/Скопскиот регион, со аерозагадувањето и климатските промени.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/17852
Appears in Collections:Faculty of Medicine: MA Theses

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
za na webФИНАЛЕН-Магистерски труд Билјана Ристоска.pdf4.34 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

100
checked on Apr 28, 2024

Download(s)

88
checked on Apr 28, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.