Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/17844
Наслов: Потребни реформи за имплементација на Солвентност 2 во Република Македонија
Authors: Petrevska, Biljana;
Uzunov, Vanco
Keywords: осигурување, солвентност, супервизија на осигурување, технички резерви, потребен капитал за солвентност
Issue Date: дек-2021
Publisher: Правен Факултет "Јустинијан Први", Скопје
Journal: Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“, во чест на проф. д-р Гале Галев, Скопје, Декември 2021
Abstract: Овој труд го опишува концептот на Солвентност 2 и укажува на потребните измени во регулативата и потребните институционални реформи, анализирани од различни аспекти, со цел во целост да се имплементира овој концепт во Република Македонија. Трудот се состои од 4 дела. Првиот дел од овој труд претставува воведот во рамките на којшто се објаснува предметот на истражување, додека пак вториот дел се фокусира на Солвентност 2 кој претставува систем поставен на три столба, и тоа: квантитативни барања, квалитативни барања и задолжително обелоденување на податоците на пазарот. Третиот дел на овој труд ги објаснува потребните реформи за имплементација на Солвентност 2 во Република Македонија. На крајот, четвртиот дел од овој труд е Заклучокот во кој се констатира дека: со оглед на фактот дека Република Македонија претендира да стане земја членка на Европската Унија, таа ќе мора да го усогласи своето законодавство со правната рамка на земјите членки на Европската Унија, и оттаму потребно е во идниот период нашата земја да го воведе и имплементира и концептот Солвентност 2. Оттаму се очекува дека во наредниот период ќе се усвојат потребните системски реформи за примена на Солвентност 2 во Република Македонија, што подразбира донесување на нов закон, и период на усогласување на друштвата за осигурување.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/17844
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
8. Biljana Petrevska, Vanco Uzunov, December 2021.pdf63.21 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

38
checked on 25.7.2024

Download(s)

127
checked on 25.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.