Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/17555
Title: Адаптивни и социјални самоструктурирачки системи за навигација низ јавни информациски системи
Authors: Ајановски, Вангел
Issue Date: 2013
Publisher: ФИНКИ, УКИМ, Скопје
Source: Ајановски, Вангел (2013). Адаптивни и социјални самоструктурирачки системи за навигација низ јавни информациски системи. Докторска дисертација. Скопје: ФИНКИ, УКИМ.
Abstract: Во воведниот дел од оваа дисертација се разгледува состојбата со можностите за ефикасно пронаоѓање информации на Интернет и проблемите со кои се соочува денешнината – нарушувањата на приватноста и постојаното и се поизразено прет- ворање на машините за пребарување во машини за рекламирање, препорачување, а донекаде и цензурирање. Како идеја која се поставува во насока на подобри решенија е се поголемото користење на социјално-базираните системи на знаење каде масата луѓе го реорганизира, дефинира и пласира знаењето и се дефинира основниот интерес на оваа дисертација во областа на социјално-базирани и самоадаптивни навигациски системи. Во втората глава се разгледува научното подрачје од областа на дисертацијата и е направена анализа на резултатите на некои од најважните трудови од ова подрачје, а особено во контекст на применливоста на резултатите од овие трудови во денешни услови и во условите на генералната идеја на оваа докторска дисертација. Направен е детален преглед на неколку поважни трудови во областа на социјална навигација односно системи за навигација низ информациски простори кои користат елементи на социјална интеракција – како меѓу корисниците, така и на релацијата меѓу еден корисник посетител и самиот систем за пласирање информации. Во вториот дел се разгледува ситуацијата со истражувањата од областа на самоадаптивни (попрецизно самоорганизирачки) системи и евен- туалната примена во поврзувањето со системите за социјална навигација. Во третата глава е претставен нов модел на интегриран систем за навигација базиран на социјална интеракција, со елементи на самоадаптивност од аспект на самоорганизација и самоконтрола. Овој модел се базира на два концептуални модели од двете области. Првиот модел ја дефинира социјалната навигација на ниво на ментална слика кај посетителите и на ниво на процес на размислување и комуникација со останатите агенти и посетители во процесот во кој низ една повратна спрега се расчистуваат деталите околу целите на навигацијата и патеките по кои треба да се упати корисникот. Врз база на овој мета-модел и врз база на примери од други истражувања, во кои се воведени мали интеракциски показатели во навигацискиот систем кои треба да му даваат имплицитни насоки на корисникот, се формулира нов обопштен модел на навигациски систем во кој се води евиденција на интеракцијата на корисниците меѓусебно и со самиот навигациски систем. Вториот разгледан модел е концептуалниот модел на самоадаптивен софтверски систем способен за самоконтрола и самоорганизација, на база на контролниот циклус на повратна спрега. Интегрирањето на ваквиот модел, во рамките на моделот на навигациски систем со социјални елементи, има за цел да овозможи успешно самоменување и следењето на состојбата заради правилна работа на системот. Во четвртата глава, се покажува применливоста на новиот модел во пракса и се објаснети насоките кои треба да се користат при дизајнирањето на систем на база на ваквиот модел. Имплементацијата е од специфична природа – се работи за имплементација во рамки на обемен информациски систем наменет за справувањето со потребите за организација на наставните процеси во една универзитетска средина, а особено процесите кои се однесуваат на запишувањето на студентите на предмети и формирањето на распореди на часови. Искористен е токму овој пример, бидејќи се работи за комплексен процес кој овозможува многу грешки и многу не- соодветни насочувања ако не се знае процесот на соодветно ниво. Реализираниот систем има за цел да ги води студентите кон правење на подобри избори на студи- ски програми, подобри избори на предмети и со тоа насочување кон најрелевантни- те нивни интереси, како и следење на успехот на ниво на генерација и поединечно, како и историски. Воедно во една интегрирана постапка за избор, упис и формирање распоред – која опфаќа и академски, но и административни надлежности, се обезбедува процес со помалку грешки, конфликти и проблеми со откажувања. Цело- купните уписи се оркестрираат од интегрираниот самоадаптивен контролен циклус на база на моделот од глава 3, со цел постојано самоподобрување на процесите и постигнување на повисоко ниво на управување со квалитетот на процесите. Во петтата глава, се претставуваат заклучоците од анализата на сите трудови од областа, изработката на моделот и потоа разгледувањата и експериментите со дизајнираниот систем и неговата успешност. Врз основа на извршената анализа, се дискутира во правец на неколку идни насоки на работа и истражувања – во областите на заштита на приватност, безбедност (особено слаба автентикација) и фокусирање на желбите и потребите на поединецот, односно личниот пристап и личноста во социјалната навигација. На крајот на трудот, се дадени два Додатоци. Во првиот додаток се објаснува историјата на системот ИСИС кој ја поставува основата на прототип имплементацијата дискутирана во четвртата глава. Во вториот додаток се дадени имплементациски UML дијаграми кои подетално опишуваат некои поважни елементи од прототипот.
Description: Докторска дисертација одбранета во 2013 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, под менторство на проф. д–р Маргита Кон Поповска.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/17555
Appears in Collections:UKIM 01: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
VangelAjanovski2013.pdf5.27 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

24
checked on Apr 30, 2024

Download(s)

24
checked on Apr 30, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.