Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1679
Title: Грчка и латинска апстрактна терминологија во превод на македонски јазик. Искуства и перспективи
Authors: Димовска, Оливера
Keywords: грчка и латинска апстрактна терминологија, преведувачко искуство, преводно решение, повеќезначност на зборот
Issue Date: 2019
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Димовска, О. (2019). Грчка и латинска апстрактна терминологија во превод на македонски јазик. Искуства и перспективи. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: Целта на оваа магистерска работа е анализа на грчката и латинската апстрактна терминологија. Се поставува прашањето кој збор е соодветен за превод на македонски јазик. Од една страна, еден збор може да има повеќе значења, особено во философијата. Од друга страна, многу апстрактни термини не се преведени, туку се транслитерирани на македонски јазик. Исто така, се анализираат преводните решенија на некои философски термини. Во овој магистерски труд беше направено хронолошко испитување со цел да се види кое e преводното решение за истите апстрактни термини на словенски јазик, од минатото до сега. Треба да се осврнеме на традицијата за да видиме какви преводни решенија предлагаат светите Кирил и Методиј за апстрактни термини. Кој е нивниот метод на преведување. Светите Кирил и Методиј ja создадоа словенската азбука. Тие беа творци на нов пишан јазик, нови зборови. Тие ни даваат упатства за превод со висока вредност на текстови на словенски јазици. Според примерот на Светите Кирил и Методиј, Теодор Раитуски преведува на тој начин. Дамаскинос Студитис се обиде да го приближи книжевниот текст до народот. Тој направи напор да постигне разбирливост за пишаниот текст. Поради таа причина, тој го постави говорниот јазик во пишани текстови. Според овој пристап, текстот е помалку збунувачки, а повеќе е разбирлив и јасен. Последователно, таквиот израз се прошири меѓу словенската популација. Грегориј од Пелагонија преведувал од грчки јазик во истиот стил. Кирилометодиевата терминологијата е запоставена во последнов век на македонски јазик. Врз основа на ова ако преведуваме апстрактни термини со транслитерација, текстот не е разбирлив за читателот. Останува отворено прашање дали ќе вложиме напори да користиме апстрактни термини кои имаат словенско значење или ќе одлучуваме за странските зборови со несловенско потекло?
Description: Магистерска теза одбранета во 2019 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на акад. Витомир Митевски.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1679
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
odimovska2019.pdf1.48 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

108
checked on Jul 18, 2024

Download(s)

295
checked on Jul 18, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.