Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16747
Наслов: Модел на безбеден мултимедиски медицински информационен систем базиран на мобилен облак
Authors: Јакимовски, Горан
Keywords: артефакти, длабоки невронски мрежи, медицински информационен систем, приспособување на медицински мултимедиски податоци, рак на бели дробови
Issue Date: 2019
Publisher: ФЕИТ, УКИМ, Скопје
Source: Јакимовски, Горан (2019). Модел на безбеден мултимедиски медицински информационен систем базиран на мобилен облак. Докторска дисертација. Скопје: ФЕИТ, УКИМ.
Abstract: Од неодамна, длабоко учење се користи заедно со конволуциски невронски мрежи за класификација на слики и препознавање шаблони. Во оваа докторска дисертација е претставен мултимедиски медицински безбеден облак систем кој се користи од страна на пациенти и медицински персонал за чување, пристап, обезбедување и анализа на медицински податоци. Целиот систем е поткрепен од истражувања во областа на надежен и брз пренос на мултимедијални податоци и приспособување на истите преку намалување на несаканите артефакти. Главната придобивка на ова истражување е креирањето на модифицирана двојно-конволуциска длабока невронска мрежа, која што се тренира со помош на слики од Компјутерска Томографија (КТ). Модифицираната невронска мрежа се споредува со стандардна конволуциска длабока невронска мрежа, притоа се анализира точноста на класификација и препознавање на рак на бели дробови. Но, главната придобивка од анализите на овие две невронски мрежи е одредување на Tx фазата во која овие топологии можат да детектираат можност за рак на белите дробови. По обемната обука со 100 епохи, добивме највисока точност на класифицирање од 0.9962, додека пак, со стандардната невронска мрежа добивме само 0.876 точност.
Опис: Докторска дисертација одбранета во 2019 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, под менторство на проф. д–р Данчо Давчев.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16747
Appears in Collections:UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
S_FEIT_GoranJakimovski2019.pdf2.6 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

100
checked on 4.10.2025

Download(s)

66
checked on 4.10.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.