Императивот одговорност: враќањето на етиката во науката
Journal
Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје
Date Issued
2021
Author(s)
Abstract
Во екот на самозадоволството од техничко-технолошкиот прогрес во 20 век, како да се заборави дека науката и философијата започнуваат со чудењето, зачуденоста. Чудењето, секако, во себе содржи и димензија на незнаење. Незнаењето, барем според Аристотел, е незнаење на причината која луѓето се обидуваат да ја дознаат. Така се раѓа науката, се отпочнуваат научните процеси, кои се слични и за време на решавањето на геометриски, астрономски или проблеми од современата генетика. Но, забрзаниот развој на техниката во 20 век едновремено му остави на човекот и една сосема нова морална ситуација на ширење на научните и технолошките достигнувања, еден процес кој е незапирлив антрополошки феномен затоа што тоа е онтолошка одредница со која настапува современиот човек. Општеството, заедницата, навистина има тешка задача да балансира меѓу научната слобода на изразување и одговорноста за чување на социјалните норми и општествените вредности. Постоечките претежно хетерономни забрани, иако потребни, не се доволни доколку кај самите научници не биде развивана свест дека треба да се следат општите хуманистички морални начела и начелата на научната критичност, особено принципот одговорност.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
GZ74.03 Donev mk.pdf
Size
433.38 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):b2236b15b499689a6733117aca81f136
Loading...
Name
GZ74.04 Donev eng.pdf
Size
425.43 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):3c2fca1f7492cc56512fec7211776b2f
