Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16491
Наслов: За потребата од реформи во уредувањето на брачниот имотен режим во македонското законодавство
Authors: Ангел Ристов
Keywords: Имотен брачен режим, заеднички имот, посебен имот, брачен договор
Issue Date: 2019
Publisher: UGD Faculty of Law Stip
Source: EBSCO
Conference: International Scientific Conference UGD Stip 2019
Abstract: Во трудот авторот го анализира уредувањето на имотните односи на брачните партнери во македонското семејно законодавство, кое нема претрпено позначајни промени со децении и покрај општествените – економски промени, како и промените во бракот и семејството. Во последниве неколку децении, авторот констатира дека, во брачните и семејните односи се случуваат драматични и револуционерни промени кои неминовно ја наметнуваат потребата од промени во застарените законски решенија, кои влечат корени од времето на социјализмот. Лоцирајќи ги бројните правни празнини и проблематични решенија во важечкото законодавство, авторот се залага за потемелно уредување на брачните имотни односи. Притоа, предлага решенија за подобро уредување на посебниот и заедничкиот имот и воведување на брачниот договор со ќе им овозможи на брачните партнери договорно да ги уредат имотните односи на начин кој најмногу ќе одговара на нивните прилики, желби и можности. Со оваа значајна реформа ќе се овозможи, покрај законскиот, постоење и на договорен брачен имотен режим. Доколку овие предлози бидат прифатени од страна на законодавецот во идниот Граѓански законик на Република Македонија, авторот очекува да се подигне степенот на правната сигурност во правниот промет и да се намалат постбрачните имотни тензии, со цел избегнување на мачните и тешки имотни спорови и подобро остварување на заедничкото родителство по разводот на бракот.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16491
Appears in Collections:Faculty of Law: Conference papers

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Proceedings Vol.1 UGD 2019.pdf4.35 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

69
checked on 25.7.2024

Download(s)

90
checked on 25.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.