Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16486
Наслов: Злоупотреба на правото и ненормалното право во македонското граѓанско законодавство
Authors: Ангел Ристов
Keywords: забрана за злоупотреба на правата, граѓанско субјективно право, вршење на правото, ненормално право
Issue Date: 2019
Publisher: Institute for Legal Economic Research and Education IURIDICA PRIMA
Source: EBSCO
Series/Report no.: tom 9;
Conference: Ohrid School of Law 2019
Abstract: Забраната за злоупотреба на правото е општата граница во вршењето на правото. Субјектите се слободни по своја волја да ги вршат, односно остваруваат своите права врз основа на начелото на совесност и чесност но, тие не треба да ги злопотребуваат. Тие не можат да ги вршат своите права спротивно на целта и интересите заради кои се признати и правно заштитени. Кога некој го врши своето право со намера на друг да му причини штета или спротивно на целта заради која е признато, го врши на несовесен и нечесен, асоцијален и ненормален начин, причинувајќу му на друг штета или спречувајќи го друг во остварувањето на своето право, тогаш во теоријата на граѓанското право се говори за злоупотреба на правото. Освен субјектите, во практиката и законодавецот го злоупотребува своето право, носејќи закони кои се во спротивност со правните принципи и логика. Чести се случаите кога ваквите „бирократски“ закони се на штета на граѓаните, поради што ваквото право го добива префиксот „ненормално“ право. Во трудот, авторот ги анализира поимот и теориите за злоупотребата на правото во правната наука и позитивното право укажувајќи на се поголемата застапеност на злоупотребата во практиката, но и на реткото повикување на ова начело од страна на субјектите. Авторот, исто така, посочува примери во законската регулатива кои се израз на „неномалното“ право со предлози за нивно надминување.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16486
Appears in Collections:Faculty of Law: Conference papers

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Ohrid School of Law 2019 Tom10.pdf4.83 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

133
checked on 25.7.2024

Download(s)

163
checked on 25.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.