Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16426
Title: Корелација на измерената централна корнеална дебелина со рефрактивни аномалии
Authors: Исмаили, Мимоза
Keywords: ЦЦТ, визус, УСП ултразвучен пахиметер, авторефрактометар, ИОП, кератометар
Issue Date: 2019
Publisher: Медицински факултет, УКИМ, Скопје
Source: Исмаили, Мимоза (2019). Корелација на измерената централна корнеална дебелина со рефрактивни аномалии. Доктпрска дисертација. Скопје: Медицински факултет, УКИМ.
Abstract: Позадина: Поради високата застапеност на рефрактивни абнормалности, особено миопија, релативно раната возраст на пациентите, последиците од нејзиното нетретрирање, зголомената потреба за рефрактивна операција, делумно поради зголемениот интерес за континуирана употреба на контактни леќи, високиот трошок за терапијата, и раното идентификување на лицата кои се изложени на поголем ризик од развивање на глауком со отворен агол. Прогностичкото значење за утврдување на успешноста на операцијата и веројатните постоперативни компликции, истражувањето на значењето на новите испитувачки методи при дијагностицирање и третирање, и многу други факти јасно ја покажуваат неопходната потреба за спроведување на мерките за спречување. Оштетувањето на видот како резултат на некоригирани рефрактивни грешки може да има директни и долгорочни последици кај децата и возрасните, како што е губење на приликите за образование и вработување, губење на економските придобивки кај поединците, семејствата и заедниците и загрозување на квалитетот на живот. Цел: Поради тоа, конкретната цел на оваа студија е: Проценување и споредување на мерењето на централната корнеална дебелина кај пациенти со рефрактивни аномалии и еметропични испитаници. Материјали и методи: Студијата е проспективна, и таа ќе се спроведе на Универзитетскиот клинички центар во Приштина, Одделение за Офталмологија, со испитување пациенти кои се упатуваат како амбулантски пациенти, поради симптоми на нарушен вид. Студијата ќе вклучи 300 пациенти кои ќе бидат поделени во две групи: тест група (150) и контролна група (150), и таа ќе има времетраење од февруари 2016 до јануари 2018 година. Сите пациенти ќе ги извршат следните испитувања: - Одредување на острината на видот со Снелен графиконот. - циклоплегична примена која овозможува парализа на акомодацијата со одредено време (1% Тропицамиде), - мерење на диоптрија со авторефрактометар, - мерење на оптичката оска - мерење на кератометријата, - мерење на ЦЦТ (централна корнеална дебелина) со ултразвучен пахиметар - мерење на интраокуларна тензија со апланациониот метод на Голдман и - офталмолошко испитување со офталмоскопија и волк. Очекувани резултати: Се очекува дека резултатите ќе се усогласени со претходните студии кои ја утврдија корелацијата помеѓу ЦЦТ и рефрактивните аномалии. Предиктивната улога на корелацијата помеѓу измерената централна корнеална дебелина и рефрактивните аномалии, како и истражувањето на дијагностички и терапевтски пристап може да овозможи постигнување на најповолна реакција кај одредени пациенти. Испитувањето на ЦЦТ кај рефрактивните аномалии овозможува планирање и одредување на најсоодветниот метод за коригирање на соодветните абнормалности. Оптималната корекција овозможува подобри резултати, со што се намалуваат трошоците за третирање и се спречуваат можните компликации.
Description: Докторска дисертација одбранета во 2019 година на Медицинскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Наташа Накева Јаневска.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16426
Appears in Collections:UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
S-MimozaIsmaili2019.pdf2.68 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

27
checked on Jul 25, 2024

Download(s)

2
checked on Jul 25, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.