Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16396
Title: Компаративна студија за аплицирање на полипропиленска монофиламентна тешка мрежичка, полипропиленска монофиламентна лесна мрежичка и монофиламентна самофиксирачка мрежичка кај пациенти со ингвинална кила оперирани по методата на Lichtenstein
Authors: Божиновска Беака, Гордана
Keywords: ингвинална кила, мрежичка, Лихтенштајн метод
Issue Date: 2017
Publisher: Медицински факултет, УКИМ, Скопје
Source: Божиновска Беака, Гордана (2017). Компаративна студија за аплицирање на полипропиленска монофиламентна тешка мрежичка, полипропиленска монофиламентна лесна мрежичка и монофиламентна самофиксирачка мрежичка кај пациенти со ингвинална кила оперирани по методата на Lichtenstein. Докторска дисертација. Скопје: Медицински факултет, УКИМ.
Abstract: Во западната хемисфера процентот на пациенти кои боледуваат од ингвинална кила е помегу 10%-15% од населението, а соодносот на машки наспроти женски пациенти е 12 пати поголем во корист на мажите. Лекување на ингвинална кила е можно само по оперативен пат. Во последните децении многу повеќе се користи детензионата техника и според податоците објавени во литературата, оваа техника не само што е побезбедна туку исто така е поврзана со пониска постоперативна болка и дискомфорт на пациентот во компарација со тензионата техника. Целта на овој труд е да се компарираат резултатите од оперативниот и постоперативниот период кај пациенти оперирани од ингвинална кила по методот на Lichtenstein, а кај кои е вградена една од трите типа на анализирани мрежички: полипропиленска монофиламентна тешка мрежичка, полипропиленска монофиламентна лесна мрежичка и монофиламентна самофиксирачка мрежичка, кои се и најчесто користени во нашата установа. Трудот претставува рандомизирана, ретроспективно - проспективна клиничка студија. Во трудот се анализирани вкупно 255 пациенти со ингвинална хернија кои се поделени во три групи: 85 пациенти со имплантирана полипропиленска монофиламентна тешка мрежичка (Surgipro meshes) – N1, 85 пациенти со имплантирана полипропиленска монофиламентна лесна мрежичка (Light-weight meshes) -N2 и 85 пациенти со имплантирана самофиксирачка монофиламентна мрежичка (Progrip) - N3. Сите пациенти се оперирани по методата на Лихтенштајн. Изборот на типот на пласираната мрежичка кај испитаниците кои беа вклучени во оваа студија е направен по случаен избор а како инклузиони критериуми беа земени: репонибилна кила кај пациенти на возраст од 18 до 80 години; потпишување на образец за Информирана согласност за учество во студијата. Ексклузиони критериуми беа: пациенти со вклештена ингвинална кила; пациенти на хемотерапија; пациенти со имуносупресивна терапија; пациенти со коморбидитетни состојби кои доведуваат до зголемен интраабдоминален притисок (асцит во абдоминалната празнина, ХОБ); пациенти со коморбидитетни состојби кои се пропратени со болки; трудници; пациенти кои не потпишале образец за Информирана согласност за учество во студијата. Параметрите кои се следат кај пациентите се: пол; возраст; професија; индекс на телесна маса; пероперативно време; интензитет на постоперативна болка; време на постоперативна мобилизација; постоперативни денови на хоспитализација; појава на инфекција на оперативна рана; интензитет на хронична болка; чувство на страно тело. Статистичката анализа на добиените податоци е извршена во статистичкиот програм SPSSb за Windows 17,0. РЕЗУЛТАТИ: Времетраењето на интервенцијата на вградување самофисксирачка монофиламентна мрежичка беше значајно пократко во однос на вградувањето на другите две мрежички, како и на вградување на полипропиленска монофилентна лесна мрежичка во однос на полипропиленска монофилентна тешка мрежичка. Просечниот скор на постоперативната болка по ВАС скалата беше највисок во групата пациенти со вградена тешка мрежичка (4.78±0.6), понизок во групата со вградена лесна мрежичка (4.48±0.8), најнизок во групата со Pro grip мрежичка (3.13±0.8). Постоперативната хоспитализација просечно траеше 4.09±1.3 дена во групата со вградена лесна мрежичка, 3.95±1.1 дена во групата со тешка мрежичка, и најкратко во групата со Progrip мрежичка (2.78±1.2 дена). Чувство на страно тело имаа 41.51% пациенти од групата со полипропиленска монофилентна лесна мрежичка, 39.62% од групата со полипропиленска монофилентна тешка мрежичка, и 18.88% пациенти од групата со самофиксирачка монофиламентна мрежичка. Чувство на страно тело значајно поретко беше присутно кај пациентите со вградена Progrip мрежичка споредено со пациентите со вградена лесна и тешка мрежичка. ЗАКЛУЧОК: според добиените резултати од параметрите кои се следеа во овој труд резултатите од имплантираната progrip мрежичка сигнификантно подобри во однос на другите две користени мрежички.
Description: Докторска дисертација одбранета во 2017 година на Медицинскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Билјана Таушанова.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16396
Appears in Collections:UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
S-GordanaBozinovskaBeaka2017.pdf4.36 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

21
checked on Apr 26, 2024

Download(s)

218
checked on Apr 26, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.