Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/16320| Наслов: | Избор на најоптимален хуруршки третман кај скршеници на вратот на бутната коска | Authors: | Савески, Александар | Issue Date: | 2020 | Publisher: | Медицински факултет, УКИМ, Скопје | Source: | Савески, Александар (2020). Избор на најоптимален хуруршки третман кај скршеници на вратот на бутната коска. Докторска дисертација. Скопје: Медицински факултет, УКИМ. | Abstract: | Вовед: Скршениците на колкот претставуваат голем интернационален здравствен проблем. Ваквите повреди доведуваат до се почеста хоспитализација, инвалидитет, физичко и ментално нарушување што пак резултира со загуба на независност и самостојност, потреба од туѓа нега и неспособност луѓето да продолжат со истиот квалитет на живот кој го имале пред повредата. Имајќи ги предвид сите посттрауматски последици кои ги придружуваат овие скршеници, од витален интерес е нивната рана дијагноза, изборот на најадекватен хируршки третман кој дава најмал процент на последици и најдобар квалитет на живот. Целта на оваа студија: Основната цел на оваа дисертација е да се изврши клиничка евалуација и анализа на постигнатите резултати за квалитетот на животот мерен со SF-36 скорот, со цел да се избере најадекватниот хируршки третман и изготви алгоритам која хируршка процедура дава најдобар квалитет на живот ( PCS MCS ) и како таква се избере како најдекватен хируршки третман. Клинички материјал Докторската дисертација беше спроведена на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација со интензивно лекување и ургентен центар при Медицинскиот факултет во Скопје во периодот од јануари 2017 до декември 2019 година и брои вкупно 134 испитаници кои беа хируршки третирани поради интракапсуларна скршеница на вратот на бутната коска и 28 пациенти во ретроспективната стдија со пострауматски компликации. Кај сите пациенти во обете студии беше мерен SF-36 скорот физичко здравје ( PCS) и ментално здравје ( MCS ). Секој пациент беше информиран дека е вклучен во студијата и пополнуваше прашалник за квалитетот на живот од хируршкиот третман. Резултати. Добиените резултати од двете студии покажаа дека остеосинтезата е најадекватен хируршки третман кај младата популација од првата и втората група, додека кај најстарата возрасна група најдобар квалитет на живот е артропластиката. Резултатите од средната возраст од 65-75 години покажаа полош SF-36 скор од MCS I PCS поради најголеминот број на компликации. Затоа кај оваа возраст најадекватен хируршки третман кај пациентите со тешка репозиција, почетна остеопороза, дорзомеијална коминуција поадекватен хируршки третман од остеосинтезата е артропластиката. Заклучок: Најадекватен хируршки третман кај младата генерација и средната генерација е остеосинтезата, додека пак кај старата генерација, најадекватен хируршки третман е артропластиката. Пациентите во средната возраст со остеопороза, почетна или изразена, лоша репозиција, слаба физичка активност пред повредата најадекватен хируршки третман е артропластиката, а кај останатите остеосинтезата. | Опис: | Докторска дисертација одбранета во 2020 година на Медицинскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Ацо Димов. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/16320 |
| Appears in Collections: | UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа |
Files in This Item:
| File | Опис | Size | Format | |
|---|---|---|---|---|
| S-AleksandarSaveski2020.pdf | 2.33 MB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
40
checked on 20.7.2025
Download(s)
129
checked on 20.7.2025
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.