Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15471
Наслов: КОСКЕНИОТ КАНАЛ НА КОХЛЕАРНИОТ НЕРВ (BCNC) КАЈ ДЕЦА СО БИЛАТЕРАЛНИ ТЕШКО СЕНЗОНЕВРАЛНО ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХОТ - КАРАКТЕРИСТИКИ И ЗНАЧЕЊЕ
Authors: М. Докоска
С. Николова
В. Лазаровска 
Г. Китева 
Keywords: канал на кохлеарниот нерв
кохлеарна имплантација
тешко сензоневрално оштетување на слухот
деца
Issue Date: 30-авг-2021
Publisher: SHMSHM/AAMD
Journal: Medicus
Abstract: Цели: Цел на оваа ретроспективно аналитичка студија е одредување на вариациите на ширината од коскениот канал од кохлеарниот нерв кај пациенти со билатерално, тешко сензоневрално оштетување на слухот, која е корисна информација во предоперативната евалуација на децата кандидати за кохлеарна имплантација. Материјали и методи: Во оваа студија ретроспективно беа евалуираи КТ на 11 деца на возраст од 2-12 години, со билатерално тешко сензоневрално оштетување на слухот ,на кои во периодот Јули - Декември 2019 година на Универзитетската клиника за уво, нос и грло во Скопје им беше вграден кохлеарен имплант. Аксијалните пресеци од нивните КТ снимки беа користени за мерење на ширината на коскениот канал од кохлеарниот нерв. Резултати: Од добиените резултати просечната вредност на ширината на BCNC кај нашата група на пациенти изнесува 1.5± 0.3мм, минимум 1.0 мм, максимум 2.3мм. Заклучок: Вредностите за ширината на BCNC се движат во широки граници и дополнителни истражувања се потребни за нивна спореба со вредностите кај пациенти кои имаат нормален слух.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15471
ISBN: 1409-6366
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Прикажи целосна запис

Page view(s)

52
checked on 29.4.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.