Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15428
Title: РАБОТАТА НА ЈАВНИТЕ ОРГАНИ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД КОВИД-19
Authors: Davitkovska, Elena 
Majovski, Irina 
Keywords: пандемија
електронска комуникација
јавни органи
електронски услуги
Каталог на услуги
Issue Date: Oct-2020
Publisher: Институт за правно-економски истражувања и едукација, Ј У Р У Д И К А П Р И М А
Conference: 7-ма Меѓународна научна конференција „Охридска школа на правото„, на тема: „Иднината на правото: Наспроти предизвиците од Covid 19„
Abstract: Од насловот може да се заклучи дека ќе се работи за едно невообичаено истражување и прикажување на работата на јавните органи во вонредни услови и вонредна состојба. Затоа, трудот ќе гоbзапочнеме со набележување на прашања чии одговори, се надеваме, ќе бидат од помош во надминувањето на ваквата состојба. Првото прашање или дилема се состои во тоа дали јавните органи во услови на пандемија (која трае повеќе од една година) требаше и мораа да работат во исполнувањето на нивните основни обврски – задоволувањето на правата и правните интереси на странките електронски, односно online; или, пак, како што постапија (односно како што е постоечката состојба), вработените да одат на работа циклично (една седмица на работа, една седмица дома)? Всушност, дури и кога одеа на работа, согласно мерките за справување со пандемијата вработените во јавните органи немаа личен контакт со странките кои, пак, мораа во редови да чекаат пред просториите на јавните органи (со што уште повеќе се ширеше заразата помеѓу странките/граѓаните)?! Исто така, се поставува и прашањето дали јавните органи (барем формално-правно) имаа алатка (законски основ, подзаконски акти и слично) со помош на кои своите услуги ќе можеа да ги нудат и електронски или online на странките – граѓаните како корисници? Во натамошното излагање повеќе ќе се задржиме на законските и подзаконските прописи кои овозможуваателектронска/online комуникација помеѓу јавните органи и корисниците на нивните услуги. Дополнително, ќе се обидеме да направиме посебен осврт на дејствувањето во услови на ковид-19 пандемија помеѓу органите и организационите единици на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со нивните корисници—студентите.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15428
Appears in Collections:Institute of Economics: Conference papers

Show full item record

Page view(s)

18
checked on May 25, 2022

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.