Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15344
Наслов: Економската криза и новиот трговски поредок – правна анлиза
Authors: Zafiroski, Jovan
Issue Date: 2017
Publisher: Охридска школа на првото
Abstract: Воспоставените меѓународни економски односи се пред сериозен тест на новите тенденции кои ги нарушуваат досегашните практики на економско обединување и интензивна соработка, како и сфаќањата за триумф на економскиот либерализам во однос на протекционизмот. Новите трендови кои се јавуваат во глобални рамки се предизвик и за постојната правна и институционална рамка која се однесува на меѓународната трговија и воопшто на меѓународните економски односи. Трудот претставува скромен обид да се објаснат причините за глобалната криза во развиените економии како и да се лоцираат главните причини зошто се појавија силни противења на воспоставениот економски поредок кој изминатите повеќе од триесет години ја промовираше глобализацијата како успешен проект кој ќе донесе економски напредок и подобар живот за сите. Правото, како регулатор и заштитник на воспоставените трговски практики е исто така пред сериозен тест а многу промени во трговските односи ќе бидат причина за воспоставување на нови правни правила кои се во голема мера различни од досегашниот, со децении воспоставуван систем. Разните форми на економски интеграции како регионални така и глобални се производ на меѓународни договори кои ќе бидат предмет на повторно разгледување. Економските односи се еден од најважните столбови на целокупниот општествен поредок. Секоја промена на економската доктрина нужно ќе значи и промена на бројни општествени принципи кои се воспоставувани со децении. Малите држави ги следат правилата на игра на големите. Тие се занемарлив фактор при утврдувањето на правилата но, нивната предност е што можат, за разлика од големите, бргу да се прилагодат на новите услови а со тоа да го извечат најдоброто за своите граѓани
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/15344
ISBN: 978-608-66152-0-8
Appears in Collections:Faculty of Law: Conference papers

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
OSL 2017.pdf6.15 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

64
checked on 16.7.2025

Download(s)

8
checked on 16.7.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.