Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/14776
Title: Процена на инвалидноста кај лица со мултипна склероза и комплексен рехабилитациски третман
Authors: Арсовски, Денис
Keywords: специјална едукација, кинезитерапија, рехабилитација, мултипна склероза, физиотерапија, попреченост, моторика, квалитативно истражување, квантитативно истражување, рандомизирани студии.
Issue Date: 2021
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Арсовски, Д. (2021). Процена на инвалидноста кај лица со мултипна склероза и комплексен рехабилитациски третман. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: Вовед: Мултипната склероза претставува хронично, моментално неизлечливо демиелинизирачко заболување на централниот нервен систем (ЦНС), од кое заболуваат скоро 2,5 милиони луѓе ширум светот. Постоењето на овој вид на болест како агломерација на симптомите, вклучувајќи ги моторните, сензорните, автономните, како и визуелните оштетувања, се евидентирани во XIX век преку набљудувањата на британскиот патолог Роберт Карсвел (1793 ‒ 1857) и францускиот хирург анатомист Џенан Крувелхиер (1791 ‒ 1874), кои изработиле детални цртежи на дисекции на ’рбетниот мозок со карактеристичните склерозни плаки, за кои сега се знае дека се поврзани со мултипната склероза.Симптомите кои ги носи болеста предизвикуваат значителен инвалидитет кој е асоциран со бројни моторни оштетувања. Симптомите на оваа болест се разновидни (мултипни) кои варираат од личност до личност. Мултипната склероза влијае не само на лицето кое ја има оваа болест, туку и на неговото семејство. Предмет на истражувањето: Предметот на истражувањето е тесно поврзан и со самата цел на истражувањето, односно да се процени инвалидноста кај лицата со мултипна склероза со соодветни прашалници; да се процени колку влијае субјективното чувство на заморот кој предизвикува намалување на квалитетот на животот кај овие пациенти; да се проценат преостанатите функционални способности кај испитаниците и да се анализираат сите проблеми кои се дел од една голема слика наречена мултипна склероза (процена на сексуалната функција, успешноста во извршувањето на активностите од секојдневниот живот, енергичните активности во домот, работната способност на испитаниците и др.), како и деталната разработка на комплексниот рехабилитациски третман кај овие лица, со аспекти од окупациската терапија, кинезитерапијата и специјалната едукација. Цел на истражувањето: Главната цел на овој истражувачки труд е да се процени квалитетот на животот кај испитаниците со мултипна склероза, да се евалуира попреченоста која е најголем причинител на намалувањето на независноста кај овие испитаници, како и да се сумираат резултатите со коишто специјалниот едукатор и рехабилитатор ќе се фокусира на подобрување на преостанатите функции и превенција од понатамошни попречености. Во овој дел се евалуирани и посебните потреби на децата кои боледуваат од мултипна склероза и имаат значителна попреченост за соодветно извршување на училишните обврски, обврските поврзани со високото образование, како и секојдневните предизвици на работа на кои наидуваат овие лица како резултат на мултипната склероза. Резултати: Според скалата за процена на нивото на инвалидност, најголем дел од испитаниците имаат низа невролошки дефицити на кои им е потребно помошно помагало, попреченост во неколку функционални системи како резултат на болеста и потреба од инвалидска количка. Иако поделбата на испитаниците е на две скали за независност, многу е мала разликата меѓу зависните и независните испитаници (55 ‒ 45 %), а стандардната девијација меѓу овие две поделби е 40. Во однос на независните како поголем процент, во оваа група на испитаници спаѓаат и лица со нарушеност на неколку функционални системи како резултат на болеста. Заклучоци: Според резултатите од истражувачкиот дел може да се заклучи дека најголем дел од испитаниците кои боледуваат од примарно-прогресивен и секундарно-прогресивен тип на мултипна склероза имаат значителна попреченост во активностите од секојдневниот живот, моториката, сексуалната функција, работоспособноста и се највисоко на скалата за процена на инвалидноста кај испитаниците. Кај испитаниците од релапсно-ремитентниот тип на мултипна склероза и клинички изолираниот синдром се јавуваат благи симптоми за разлика од претходните. Кај сите видови на мултипна склероза заморот е еден од трите најлоши симптоми на болеста.
Description: Магистерска теза одбранета во 2021 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Владимир Трајковски.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/14776
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
darsovski2021.pdf4.81 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

388
checked on Apr 24, 2024

Download(s)

346
checked on Apr 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.