Деривативното стекнување на стварни субјективни права во македонското позитивно право
Journal
Зборник на трудови ,,Општествените промени во глобалниот свет"
Date Issued
2019
Author(s)
Родна Живковска
Тина Пржеска
Милица Шутова
Abstract
Предмет на анализа во овој труд е деривативното стекнување на стварните субјективни права во македонското позитивно право. Трудот поаѓа од општоприфатеното становите на граѓанскоправната наука според кое граѓанските субјективни права можат да се стекнат оригинерно и деривативно. Основна цел на трудот е да прикаже и анализира како новините во законските прописи (Законот за сопственост и други стварни права, Законот за катастар на недвижности, Законот за нотаријат, Законот за договорен залог, Закон за градење, Закон за градежно земјиште и др.) влијаат на деривативното стекнување на стварните субјективни права во правниот живот. Предмет на анализата во трудот се новините во законодавството кои постепено беа воведувани во последната декада до 2019 година, а кои предизвикаа суштински промени во деривативното стекнување на стварните субјективни права, а посебно во стекнувањето стварни права на недвижности. Станува збор за новини кои се однесуваат на: формата на правните дела како правен основ за стекнување стварни субјективни права, моментот на стекнување на стварните субјективни права, видовите ствари како објект на стварни субјективни права и природата на стварните субјективни права.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
20200302155116264.pdf
Size
2.87 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):4e65996ea37db685de187e3381d9669b
