СОВРЕМЕНИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА
Journal
Правен дијалог бр. 23
Date Issued
2021-06
Author(s)
Aneta Stojanovska-Stefanova
Hristina Runcheva Tasev
Abstract
Трудот има за цел да ја претстави идејата за човековите права и нивната имплементација и заштита во глобалното општество. Авторите прават теоретски осврт и преглед на филозоф- ските теории, како и на донесените меѓународни акти за заштита на човековите права и слободи, а ги претставуваат и политиките и современите предизвици со кои се соочуваат државите и меѓународните организации за ефикасна примена и заштита на човековите права. Воедно, трудот се осврнува и на новите предизвици во поглед на ограничување на човековите права во услови на пандемијата предизвикана од Ковид-19 и нејзините ефекти врз човековите права во Република Северна Македонија во 2020 година. На крајот од трудот се изнесени заклучоци кои поттикнуваат понатамошна научна дебата за бариерите на меѓународните организации за заштита на човековите права, за подготвеноста на државите да ја подобрат заштитата на чо- вековите права, како и да го ограничат своето право на сувереност во корист на меѓународна заштита на човековите права на ниво на кое инсистира меѓународната заедница.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Praven dijalog -trud.pdf
Size
374.5 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):dcd1d64ba30fb5ca477cf118e68ee1c1
