Проверка на психометриските карактеристики на скалата на потреба од затворање
Journal
Психологија: Наука и практика
Date Issued
2015
Author(s)
Abstract
Целта на ова истражување е проверка на психометриските карактеристики на Скалата на потреба од затворање (Need for Closure Scale, Roets & Van Hiel, 2011). Конструктот потреба од затворање се однесува на потребата од когнитивно (сознајно) затворање, додека користената скала претставува кратка верзија која е составена од 15 ставки. По направениот вратен превод, емпириската анализа беше насочена кон анализа на ставките и анализа на главните компоненти. Користениот примерок од 217 испитаници претставува пригоден примерок, но, сепак, испитаниците беа избирани во однос на регионот на живеење во Република Македонија (источен, западен, централен и главниот град Скопје како посебен регион), полот (се водеше сметка за речиси еднаква застапеност на машки и на женски испитаници) и возраста (18–25 години, 26–40 години и 41–60 години). Резултатите покажаа дека Скалата има задоволителна внатрешна хомогеност и еднофакторското решение беше потврдено со употреба на паралелна анализа. Во дискусијата се разгледани недостатоците на спроведеното истражување и се дадени препораки за натамошни истражувања за потврда на резултатите и со примена на конфирматорна факторска анализа да се обезбедат докази за валидноста на конструктот. Засега, може да се заклучи дека резултатите од ова истражување посочуваат на меѓукултурна (во смисла и на македонска популација) потврда на конструктот потреба од затворање.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ПРОВЕРКА НА ПСИХОМЕТРИСКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ.pdf
Size
112.59 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):bf2c28e4df000ae4b9d6143aa5fe1dcf
