Ноќта како мотив во византиската историја и политика
Journal
Годишен зборник на Филозофскиот факултет
Date Issued
2014
Author(s)
Abstract
Според византиското мерење на времето, ноќта започнува од
моментот кога заоѓа сонцето (зајдисонце) и трае до моментот кога
сонцето изгрева (изгрејсонце). Тој период условно е поделен на неколку дела:
квечерина или самрак; вечер, ноќ и зора (утрина). Според византиското
сфаќање, ноќта е време за одмор од физичките активности и закрепнување
на телото за наредниот ден. Но, ноќта има своја магична и мистична
моќ за Византиецот, па поради тоа претставува омилена тема за
многу писатели и историографи, кои обидувајќи се да им дадат поголемо
религиозно значење на некои настани, нив ги поврзуваат со одделни
привиденија или сонови на одделни историски личности. Тоа се воочува
најмногу во житијната литература и во хрониките.
Поради обемниот материјал и ограничениот простор, во овој
труд презентираме само дел од тие ноќни мотиви. Секако, започнуваме со
првиот христијански владетел Константин I Велики, неговото привидение
и сонот за Христовиот знак, сонот на неговата мајка за откривање на
Светиот крст на кој бил распнат Исус Христос, а посочуваме и други
такви појави за изградба на цркви и манастири или за пронаоѓање нечии
свети мошти.
Во вториот дел од трудот наведуваме моменти од византиската
политика во кои ноќта има посебно место. Тука, пред сè, станува збор за
одделни мисии и за однесувањето на византиските мисионери во текот на
ноќта, потоа одлуки на одделни војсководачи да се искористи ноќта како
момент за извојување победа над непријателот или за ликвидирање некој
узурпатор, непријател, па дури и симнување владетел од престолот.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
alatan02.pdf
Size
351.45 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):0c4b897c2e297ba8791c825b5e958df0