Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/12085
Title: КОМПАРАТИВНА СТУДИЈА ЗА ДОЛГОРОЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ , ПОЈАВА НА РЕЦИДИВ И КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ ПО ХЕРНИОПЛАСТИКА СО ИМПЛАНТАЦИЈА НА ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ НАСПРОТИ ПРОТЕЗИ ОД ЕКСПАНДИРАН ПОЛИТЕТРАФЛУОРОЕТИЛЕН - Магистерски труд
Authors: Маргарита Пенева 
Keywords: хернија
реконструкција
мрежа
вентрална
ингвинална
долгорочни резултати
рецидив
хронична болка
чувство на туѓо тело
Issue Date: 2013
Abstract: Вовед. Со воведувањето на синтетските мрежи се овозможи репарација без тензија која пак од своја страна недвојбено помага во намалувањето на рецидивите, побрзото оздравување и долгорочно гледано во севкупното намалување на трошоците во лекувањето. Но, зголемената употреба на мрежите во хирургијата на херниите ги исфрли на површина нивните недостатоци и отвори нови прашања за дискусија. Едновремено нискиот процент на рецидиви поврзан со нивната употреба го сврти фокусот од проблемот на појава на рецидиви на други посуптилни параметри како показатели на крајниот резултат. Цел. Да се споредат долгорочните резултати (по 10 и повеќе од 10 години) по имплантирањето на полипропиленски (ПП) наспроти протезите од експандиран политетрафлуороетилен (еПТФЕ) во смисла на појава на рецидив, постоење на хронична болка и сензација на туѓо тело. Материјали и методи. Вкупно беа обработени 60 пациенти по случан избор. Половина од испитуваните пациенти беа пациенти кај кои најмалку пред 10 години им била имплантираната ПП протеза, а останатите 30 беа пациенти кај кои била имплантирана протеза од еПТФЕ.Сите пациенти одговараа на прашалник по пат на телефонска анкета, а 31 пациенти дополнително беа повикани на преглед.Прашалникот вклучуваше прашања за текот на постоперативниот период, за постоењето на рецидив, за субјективното чувство на пациентот 10 години по оперативниот зафат, за сензацијата на протезата како туѓо тело како и за постоењето на хронична болка притоа давајќи карактеристика за нејзиниот интензитет согласно скалата за интензитет на хронична болка во склоп на McGill-овиот Pain Index.Понатаму, кај повиканите пациенти беше извршен клинички преглед. При палпацијата се обрнуваше внимание на постоење на рецидив како и на инкорпорираноста на протезата во предниот абдоминален ѕид. Кај дел од пациентите се препорача понатамошна инвестигација, ултрасонографски преглед и CT на предниот абдоминален ѕид. Резултати. Ова истражување покажа дека и 10 години по имплантирањето 8,3% од испитаниците протезата ја чувствуваат како туѓо тело, притоа испитаниците со имплантирана ПП протеза незначајно почесто од испитаниците со имплантирана протеза од еПТФЕ. Хронична болка постои кај 10% од испитаниците без статистички сигнификантна поврзаност меѓу типот на протезата и постоењето на болката како ни меѓу типот на протезата и интензитетот на болката. Пациентите кои чувствуваат хронична болка се на возраст помала од пациентите кои не чувствуваат хронична болка, но разликата во нивната возраст е недоволна за да биде статистички сигнификантна. Не постои поврзаност меѓу типот на протезата и настанувањето на потенцијалниот рецидив. Пациентите од групата со вградена протеза од еПТФЕ субјективно изразуваат поголемо задоволство од имплантираниот материјал, но разликите меѓу двете групи во однос на квалитетите на субјективното чувство се недоволни за да се потврдат и статистички како сигнификантни. Заклучок. Компликациите кои настануваат по имплантирањето на простетскиот материјал при херниопластика се јавуваат во првите години по имплантирањето и во двете групи на пациенти додека долгорочно (по 10 и повеќе од 10 години од имплантирањето) нема значајна разлика по имплантирањето на ПП наспроти протезите од еПТФЕ.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/12085
Appears in Collections:Faculty of Medicine: MA Theses

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
MAGISTERIUM_18. 03 2013 .doc2.69 MBMicrosoft WordView/Open
Show full item record

Page view(s)

90
checked on Apr 24, 2024

Download(s)

268
checked on Apr 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.