Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1070
Наслов: Индустрискиот дизајн, предизвици, развој, образование и апликативна дејност
Authors: Kandikjan, Tatjana 
Sidorenko, Sofija 
Mircheski, Ile 
Issue Date: дек-2014
Publisher: Пресинг, списание на комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија
Journal: Пресинг
Series/Report no.: 22;
Abstract: Во периодот 2003-2005 година Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги прифати болоњските принципи за препознатливост на студиските степени, го воведе додатокот на диплома, го воведе кредит-трансфер системот, се зафати со развојот на постапки и системи за обезбедување на квалитет и оценка на квалитетот во високото образование и ги дефинира определбите за воведување и развој на доживотно учење. Во рамките на универзитетските реформи и Машинскиот факултет во Скопје претрпе промени на наставните програми, при што се воведоа, меѓу другите, и додипломски тригодишни професионални студии по индустриски дизајн. Од друга страна, во периодот на транзицијата на македонското стопанство од планска кон пазарна економија се реструктурираа старите претпријатија и се отворија нови, што резултираше со постепена ревитализација на производните процеси во различни сектори. Новите производи се карактеризираат со подобар дизајн и квалитет и можат да ги привлечат и домашните потрошувачи и потрошувачите од ЕУ. Токму поради тоа, студиите по индустриски дизајн се во моментов меѓу најбараните и најселектираните студиски програми на Машинскиот факултет во Скопје. Со цел да се излезе во пресрет на потребите на овој нов профил, во декември 2006 година беше пријавен Tempus JEP_41128_2006 проектот „Развој на магистерски студии по индустриски дизајн и маркетинг“, кој е прифатен во јули 2007. Согласно активностите предвидени со овој проект, подготвени се студиските програми за двегодишни магистерски студии по индустриски дизајн и маркетинг, како и програми за доживотно учење, кои започнаа да се изведуваат во учебната 2008/2009 година. Со воведувањето на магистерските студии по индустриски дизајн и маркетинг се комплетираа студиите во две нивоа, односно новите магистерски студии (второ ново) се надоврзаа на постојните тригодишни додипломски студии (прво ново) по индустриски дизајн на Машинскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1070
Appears in Collections:Faculty of Mechanical Engineering: Journal Articles

Прикажи целосна запис

Page view(s)

193
Last Week
2
Last month
3
checked on 20.4.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.