Хумана безбедност: меѓу науката и глобалната политика
Journal
Годишен зборник на Филозофскиот факултет / Annuaire de la Faculté de Philosophie
Date Issued
2006
Author(s)
Abstract
Концептот на хумана безбедност е еден од најмногу користените пледоајеа за операциите на разни мегународни организации и институции, но како што покажува и анализата, тој cè уш т е е предмет на разни дубиози во научната теорија. Во последните години хуманата безбедност е и предмепл на секуритизација која овозможува најразлични проблеми на човековот о живеење да ce довадат во сферата на безбедностш и да ceрешаваат со безбедносни механизми. Најновиот пример кој ce анализира е обидот за промоција на нова надворешна и безбедносна политика на Е У низ т.н. Доктрина на хумана безбедност за Eepoпa. Може да ce заклучи дека за најмоќните држави и меѓународни актери хуманата безбедност е само еден вид на надворешна политика, која дури и не успева да ce ослободи од извесна доза на милитаризација. Од друга страна, многу малку држави сфаќаат дека потенцијалот на хуманата безбедност лежи во потребата таа да стане неизоставен дел на секоја национална (внатрешна) политика. Од териска гледна точка, хуманата безбедност е можеби хибриден, и нејасен научен концепт, но е компатибилен со веќе изградените концепт и за базичните човекови потреби, теоријата на позитивниот мир и на филозофијата на универзални човекови права.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
GZ59.31. Ванковска, Б. - Хумана безбедност, меѓу науката и глобалната политика.pdf
Size
1.47 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):4686de5ff51ddfa7e6044493693e3688
