Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија
  4. Основи на денешната криза на новинарот како морален субјект
Details

Основи на денешната криза на новинарот како морален субјект

Journal
Евродијалог, списание за европски прашања
Date Issued
2019
Author(s)
Abstract
Денес, основните прашања кои ја отсликуваат нашата запрашаност во однос на суштината и значењето на новинарството се генерално истите како и порано: кој е новинарот, што е негова примарна дејност, во чиј интерес дејствува и кому е истиот одговорен? Праксата на новинарскиот дискурс, во моментов, покажува дека новинарот во сите фази на овој процес, лека полека го губи местото на субјект, сфатен како темел, носител на дејствувањето. Новинарот како субјект - известувач исчезнува, неговото место во контролата над процесите во медиумската реалност го преземаат безлични структури и механизми на моќта, сопственици на капиталот и носители на власта, со што поголемиот дел од работата на новинарот може да се окарактеризира како пасивна преработка на информацијата.
Повеќе од јасно е дека Постмодерната под знак прашалник ги става нормите и етиката, но сепак не се работи толку многу за криза на вредностите, колку што се работи за човекот кој нив не ги следи. Најголемото добро за новинарот како новинар е исто што и најголемото добро за новинарот како човечко суштество: развој на автентичноста, разбрана како определување на човечката особеност или неговото Јас во смисла на она што човекот го прави, како и негова спремност да ја преземе одговорноста. Разбирањето на етиката како лична етика, не значи дека поединецот одредува што е добро, а што не, туку дека неговото однесување го одредува како личност: човекот е етичен само онолку колку што е спремен да ја прими одговорноста. Оттука, етиката во новинарството може да ја „спаси“ само нејзиниот носител - оној кој би требало да биде етичен, односно одговорен, значи новинарот! Но, прво, истиот мора да се „спаси“ себеси, т.е. да се соочи со губењето на својата субјективност, како и да ја надвладее својата неавтентичност.
File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

4_Donev_osnovi-na-moralna-kriza - SREDEN.doc

Size

111 KB

Format

Microsoft Word

Checksum

(MD5):e4cd35aab82eeac06d1e775781d6acc5

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify