Анализа на улогата и значењето на курдското прашање за геополитиката на Средниот Исток
Date Issued
2019
Author(s)
Попоски, Бојан
Abstract
Во овој магистерски труд ќе биде елаборирана геополитиката на Средниот Исток преку анализа на улогата и значењето на Курдското прашање, при што ќе се даде посебен осврт на курдскиот етницитет и неговата положба во географската област “Курдистан” која опфаќа делови од државите Турција, Иран, Ирак и Сирија. Исто така, ќе бидат анализирани географските и демографските карактеристики на Курдистан како и курдскиот јазик и знаме кои што и ден денес не претставуваат официјални симболи на една независна држава. Во трудот ќе биде претставена главната причина поради која Курдите по распадот на Османлиската Империја немаат успеано во намерата за оформување на своја независна држава, како и нивното дејствување во изминатите 100 години со цел исправање на направените грешки. Новонастанатата геополитичка ситуација во Средниот Исток по Арапската Пролет претставува нова златна доба за остварување на курдскиот сон за независна курдска држава. Но, и покрај наклонетоста на геополитичките играчи дејствувањата и ставот на Турција ќе го спречи формувањето на нова држава на Средниот Исток. Предуслов за да се стабилизира регионот на Средниот Исток е решавањето на Курдското прашање проследено со формирање на нова Курдска држава која би била суверена и независна.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
bpoposki2019.pdf
Size
6.46 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):c711913988b3f499d048033a8c11d5f2
