Ставовите на наставниците од редовните основни училишта кон инклузивното образование во Oпштина Струга
Date Issued
2019
Author(s)
Талеска, Маја
Abstract
Вовед: Бројот на ученици со посебни образовни потреби, кои се вклучени во редовниот образовен систем, континуирано расте. Вклучените ученици со посебни образовни потреби бараат промена во начинот на работа на редовното одделление, а успешноста на инклузивниот процес во одредена мера зависи и од ставот наставниците за прифаќање на промени.
Цел: Основна цел на ова истражување e утврување на ставовите наставниците кон вклучувањето на децата со посебни образовни потреби во основните редовни училишта.
Методи: Истражувањето беше спроведено во ОУ „Јосип Броз Тито“ и ОУ „Браќа Миладиновци“ – Струга, на примерок од 120 наставници. Ставовите на наставниците беа утврдувани со помош на анкетен лист. Добиените резултати беа анализирани со помош на дескриптивна статистика (табеларен и графички приказ).
Применети методи: анализа на содржина, функционална анализа (квантитативна) – метод на индукција и дедукција.
Заклучок: Од анализата и интерпретацијата на резултатите можеме да донесеме заклучок дека наставниците имаат делумно позитивни ставови кон вклучувањето на децата со посебни образовни потреби во редовните училишта. Можеме да заклучиме дека делумно позитивните ставови наставниците претставуваат база за квалитетна инклузивна едукација на децата со посебни образовни потреби во воспитно образовниот процес, но дека, за успешна квалитетна инклузивна едукација, неопходно е да се преземат дополнителни мерки и интервенци, односно чекори и активности, кои ќе придонесат за подобрување на инклузијата во основните редовни училишта.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
mtaleska2019.pdf
Size
3.83 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):d641596d954bcb558a94c545e036d6c9