Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Iustinianus Primus Faculty of Law
  3. Faculty of Law: Conference papers
  4. Предизвици на македонското законодавство во делот на прекуграничната наплата на обврската за издршка
Details

Предизвици на македонското законодавство во делот на прекуграничната наплата на обврската за издршка

Date Issued
2018-05
Author(s)
Rumenov, Ilija
Abstract
Правните правила на Република Македонија кои се однесуваат на прекугранична наплата на побарувањата за издршка се повеќе или помалку непроменети од донесувањето на Законот за решавањето на судирот на законите со прописите на другите држави (ЗРСЗ) од 1982 година. Тоа значи дека одредбите за определување на меѓународна надлежност и колизионите норми во Законот за меѓународно приватно право на Република Македонија (ЗМПП) полнат 35 години. Во меѓувреме Хашката конференција за меѓународно приватно право во рамките на своите овластувања создаде два нови меѓународни договора: Хашката конвенција за меѓународна наплата на издршка на децата и други форми на семејна издршка од 2007 година и Хашкиот Протокол за меродавното право на обврската за издршка од 2007 година кои предвидуваат нови правила за определувањето на меродавното право. Во исто време, Европската унија ја донесе Регулативата бр. 4/2009 која содржи правила за определувањето на надлежноста, меродавното право, признавањето и извршувањето на странските одлуки и соработката во делот на обврската за издршка. Во овој контекст, Република Македонија (како држава кандидат за членство во ЕУ) се соочува со современи предизвици да го прилагоди својот правен систем на овие нови јурисдикциони критериуми и колизиони норми создадени во рамките на Хашката конференција и ЕУ. Овој труд најпрвин ќе даде краток осврт на постојните правила во Законот за меѓународно приватно право од 2007 година кои се однесуваат на обврската за издршка во Република Македонија и ќе ги спореди со правните правила предвидени во Хашките конвенции и регулативите на ЕУ и второ ќе се осврне на околностите кои и стојат на патот на Република Македонија во адаптирањето на правниот систем со правилата на Хашката конференција и ЕУ
Subjects

меѓународна надлежнос...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Апстракт Илија Руменов Охрид 2018.pdf

Size

331 KB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):c5080959eb53657ca03587423440b753

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify