Геодетска оскултација на хидројаловишна брана "Тополница"
Date Issued
2019-11
Author(s)
Томе Геговски
Златко Богдановски
Златко Србиноски
Филип Касаповски
Abstract
Геодетската оскултација на браните е геодетска активност која дава информација за геометриската стабилност на браните во текот на нивниот експлоатациски период. Со оглед на важноста на браните како инженерски објекти, потребен е сериозен пристап при нивното следење, односно потребна е примена на високопрецизни геодетски мерења и техники.
Според досегашната практика земајќи ја во предвид можноста на техологијата со која се распо-лагаше во минатото, при следењето на ваквиот тип објекти се користеа класичните геодетски методи и инструменти за определување на деформациите. За примена на таа технологија потре-бно е да постои догледност меѓу точките од основниата геодетска мрежа и мерните точки во телото на браната.
Геодетската осклутација на хидројаловишната брана “Тополница” на рудникот за бакар „Бучим” е една од браните, кај која, претходно споменатиот услов за физичка догледност меѓу точките е невозможен поради нејзината големина и самата конфигурација на теренот. Поради тоа, при определувањето на деформациите кај браната е искористена ГНСС технологијата која целосно ги задоволи барањата во поглед на точноста при определување на положбените деформации, додека вертикалните деформации беа определени врз основа на прецизниот геометриски нивелман

Subjects