Развој на човечките ресурси и градење кариера во компаниите
Date Issued
2020
Author(s)
Ваневска, Марија К.
Abstract
Во современи услови на живеење, на силните индивидуалци не им е доволно само да имаат работа, тие сакаат да направат големи дела. Зад големите дела стои посветеност, повеќегодишен ангажман и работа на решавање на проблемите за постигнување на целите за општо добро.
Во науката за човечки ресурси, која ги опфаќа деловите за регрутација, селекција, оценување на перформансите на вработение и други активности кои го зокружуваат процесит на менаџмент, составен дел е развојот на вработените.
До посакуван ниво на развој се стигнува со постојано учење, усовршување, посетување на обуки и стекнување на нови вештини и знаења од формалното и неформалното образование. Развојот на човечки ресурси, може да се набљудува како носител на концептот на менаџмент во компаниите.
Кога станува збор за кариера, зад големите компании стојат личности чиј што животен пат, и патот до успехот воопшто, можат да послужат како објаснување на тоа што всушност значи зборот – кариера.
Дали компаниите даваат можност на одење чекор по чекор во реализација на тој личен план на секој поединец? Како тоа се прави во светот, а како во нашата држава? Дали нашите комапании заостануваат во можностите кои ги нудат за развој на кариера на своите вработени? За да се добие сознание за оваа тема, направено е истражување во кое се вклучени малите и средни компании во Р. Македонија.
Истражувањето има за цел да ја провери состојбаата на полето на развој на човечки ресурси во компаниите. Целта е, преку теоретски пристап, да се образложи проблемот и да се дадат предлози како компаниите да се приближат до светскиот стандард на полето на развој на човечки ресурси.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
mkvanevska2020.pdf
Size
2 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):d7eb389f6b9b546f4a437e3c0eb563f6