Надградба на постојни таложни езера – објекти со највисок ризик за стабилноста на јаловишните брани
Date Issued
2022
Author(s)
Љупчо Петковски, Стевчо Митовски, Фросина Пановска
Abstract
Надградбата на таложните езера кај постојните хидројаловишта, од аспект на стабилноста на хетерогената геосредина, има големи сличности со јаловишните брани со узводен метод на градба. Јаловишна брана над таложно езеро или јаловишна брана со узводен метод на градба е подложна на ликвифакција при статичко и динамичко (циклично) оптоварување и затоа претставува хидроградежен објект со највисок ризик по однос на стабилноста. Потребата за обезбедување дополнителен волумен за депонирање јаловиштен материјал, неопходен за регуларно функционирање на рудниците во услови на просторно ограничување, ја актуализира надградбата на постојните таложни езера. Оваа надградба се карактеризира со детални геотехнички истраги и софистицирани конструкциски анализи, кои се илустрирани со резултати од истражувањето на стабилноста на насип од суво одлагање над таложното езеро Саса 2, М. Каменица.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
13 2 konferencija za hj2022 02.pdf
Size
3.07 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):561c2519b5f783aaf66f9cac16ecf6a9
