Симулационен модел за анализа на хидроенергетскиот систем на Црна Река за алтернатива со две пумпноакумулациони хидроцентрал
Date Issued
2021-10
Author(s)
Фросина Пановска, Стевчо Митовски, Љупчо Петковски
Abstract
Со Водостопанската основа на Република Македонија од 1973 година по течението на Црна Река, во нејзиниот долен тек, е предвидена изградба на три големи брани со акумулации: Чебрен, Галиште и Тиквеш – како најнизводна акумулација. Кај сите три хидросистеми, хидроенергетиката е во фокусот на водостопанските планирања. Од нив, денес е изградена браната Тиквеш со акумулација која примарно ги задоволува потребите за наводнување на Тиквешко Поле, а во склоп на системот функционира и прибранската хидроцентрала ХЕЦ Тиквеш. Чебрен и Галиште сѐ уште се предмет на инженерска расправа и нивната реализација е во исчекување. Во овој реферат се приложени резултати од анализа со симулационен модел на хидросистемот на Црна Река со две пумпноакумулациони хидроцентрали – Чебрен и Галиште, и Тиквеш, со постојните конвенционални турбини. Производството на електрична енергија е ставено во главен фокус во анализите. Симулационите модели се изработени со помош на софтверскиот пакет HEC ResSim 3.1.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
05 5 Kongres za brani2021.pdf
Size
5.41 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):193b3eae5a13e81bc62bb7dd6759c6b8
