Примена на "Конвенцијата на Обединетите Нации за меѓународна продажба на стоки" во меѓународната трговија
Journal
Годишник на Економски факултет - Скопје
Date Issued
2018
Author(s)
Abstract
Конвенцијата на Обединетите Нации за меѓународна продажба на стоки (во понатамошниот текст „Виенска конвенција“) претставува еден од најзначајните инструменти во меѓународната трговија, чија главна цел е унификација на одредбите за меѓународната продажба на стоки. Од интерес на страните при склучување на договори е да знаат на кои правила ќе подлежи нивниот договорен однос, и при евентуално настанување на спор да се примени право што ќе им биде познато. Конвенцијата како меѓународен инструмент што е универзално признат и има широка распространетост, е поприфатлива за страните отколку примена на национално право кое може да биде потполно непознато за една или пак за сите договорни страни.
Со оглед на фактот дека Конвенцијата врши унификација на меѓународното право за продажба на стоки преку приближување и усогласување на различни правни системи и правни филозофии, нормално е тоа што таа во себе вклучува и одреден број на иновативни концепти, кои претставуваат своевиден компромис помеѓу различните правни системи. Како резултат на тоа, Конвенцијата е предмет на научни истражувања и расправа до денешен ден.
Во текстот се обработува подрачјето на примена на Конвенцијата, односно исполнувањето на условите за примена. Се врши анализа на одредбите кои ги поставуваат границите за нејзината примена, како и на можноста за паралелна примена со други инструменти и правни правила. Трудот дава осврт и на примената, влијанието и значењето на Виенската конвенција во Република Македонија, како и улогата на Конвенцијата во развојот на правото на трговска

Subjects