СТРАТЕШКИОТ ПРИСТАП НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА КОН БЕЗБЕДНОСТА
Journal
Годишен зборник на Филозофскиот факултет/The Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje
Date Issued
2025-12-16
Author(s)
Павлески, Александар
DOI
10.37510/godzbo25781447p
Abstract
Во текот на изминатите три децении, Европската Унија иницираше широк спектар на активности насочени кон нејзино пролиферирање како сериозен и почитуван безбедносен актер. Имено, во 1993 година, Унијата ја усвои Заедничката надворешна и безбедносна политика, потоа, во 1998 година, ги постави темелите на Европската безбедносна и одбранбена политика, додека во 2003 година, ја усвои и првата безбедносна стратегија, која практично го означи почетокот на развојниот процес на нејзиниот автохтон стратешки пристап во безбедносната сфера. Тргнувајќи од значењето кое стратешките документи го имаат при дизајнирањето на безбедносните пристапи (на национално, регионално и меѓународно ниво), вниманието во овој труд е насочено кон подетална анализа на стратешкиот пристап на Европската Унија на овој план. Оттука,
фокусот е посебно ставен на истражување на трите главни стратешки документи (усвоени во 2003, 2016 и 2022 година), со кои Унијата го дизајнира својот стратешки пристап и одговор во однос на динамичната и предизвикувачка безбедносна средина. Намерата е да се креира јасна перцепција и поспецифично
разбирање на еволуитивниот карактер на стратешкиот пристап на ЕУ кон безбедноста, со посебен осврт на главните предизвици и перспективи во овој контекст.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
СТРАТЕШКИОТ ПРИСТАП НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА КОН.pdf
Size
2.1 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):b4b70b993131511ffd9582ab50fb3172