„УГЛЕД И ЧЕСТ“ ИЛИ „НАВРЕДА И КЛЕВЕТА“ – ОДГОВОРНОСТА НАСПРОТИ ЗАКОНСКОТО УРЕДУВАЊЕ
Journal
Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје
Date Issued
2018
Author(s)
Здравева, Неда
DOI
УДК 347.426.6:342.72/.73
Abstract
Во трудот авторката ги анализира прашањата на заштита на правото на углед и чест во националното законодавство со цел да утврди дали постојните механизми овозможуваат соодветна заштита. Во фокусот на анализата се одредбите на посебниот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета vis-à-vis општиот Закон за облигационите односи. Авторката најнапред дава општи напомени за угледот, честа и достоинството како лични права, иманентни на секое лице. Трудот продолжува со приказ на уредувањето на граѓанската одговорност за повреда на овие права во меѓународните акти како и во одредени системи на континенталното право. Централна позиција во трудот има уредувањето на овие институти со посебниот закон и тоа од аспект на модалитетите, штетникот и оштетениот и начините за надоместување на штетата. Авторката, при тоа, изнесува ставови за системот на уредување како и за (недостатоците на) конкретните одредби со кои се операционализираат механизмите на заштита. Врз основа на анализата авторската заклучува иако механизмите се достаточни на број, таа бројност не ја гарантира заштитата на правата и сугерира каде посебниот закон треба да претрпи соодветни измени.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Micajkov_2018.pdf
Size
11.09 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):a192a99eab4bec5b052c59e1b31f5e18
