Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези
  4. Педагошките компетенции на наставниците по македонски јазик во основното образование во Република Македонија
Details

Педагошките компетенции на наставниците по македонски јазик во основното образование во Република Македонија

Date Issued
2018
Author(s)
Здравевска-Томеска, Гордана
Abstract
Меѓу бројните компетенции кои еден современ учител/наставник/професор треба да ги поседува, педагошките компетенции, секако, се мошне важни за квалитетот на воспитно-образовниот процес. Педагошки компетентниот наставник мора да поседува посебни педагошки знаења, вештини, но и особини на личноста кои се потребни за градење посебен однос со учениците, со родителите, со колегите, но и со сите учесници во воспитно-образовната работа. Само педагошки компетентен наставник со своите знаења и стекнати вештини може успешно да одговори на сите предизвици во работата.

Магистерскиот труд ,,Педагошките компетенции на наставниците по македонски јазик во основното образование во Република Македонија“ e фокусиран на педагошките компетенции на наставниците по предметот македонски јазик (кои предаваат во основното образование), кои се само дел од компетенциите кои денешниот наставник мора да ги поседува, но и постојано да ги развива и да ги доусовршува.

За потребите на овој магистерски труд направено е истражување со цел да се процени кои педагошки компетенции им се потребни на наставниците по македонски јазик од 6-то до 9-то одделение за успешна реализација на наставата по предметот македонски јазик. Истражувањето беше спроведено на примерок од 107 испитаници, во вкупно 51 училиште.

Резултатите од спроведеното истражување покажаа дека наставниците по македонски јазик во голема мера се согласуваат дека е многу важно истите да поседуваат педагошки компетенции за успешна реализација на современата настава по предметот македонски јазик. Исто така, испитаниците сметаат дека е многу значајно да учествуваат во различни форми на стручно усовршување (обуки, семинари, работилници), кои, секако, ќе им помогнат за развивање на педагошките компетенции. Се изјаснија дека учествувале во обуки на теми за зајакнување на педагошките компетенции и дека имаат потреба и во иднина да присуствуваат на такви обуки.
Subjects

компетенции, педагошк...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Magisterska Zdravevska-Tomevska.pdf

Size

1.08 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):4214db63dab81c7230d85a32d04247d5

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify